Шанса за Центар: Колку градоначалници, толку табиети

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар, која има свои советници во Општина Центар, објави куп фотографии од шареното лудило кое владее низ централната скопска општина каде со години не се внимава како се „украсуваат“ тротоарите и улиците.

Фото: Шанса за Центар

„Велат 'колку луѓе, толку табиети'. За Центар ова може да се адаптира и во 'колку градоначалници, толку табиети и уште повеќе различни видови на плочки'“, разочарано велат од Шанса за Центар.

Како што доаѓа нов градоначќалник, така парчињата крпеници на градските тротоари и улици се „реновираат“ по ноив терк, без да сае внимава на тоа дали новиот дел се вклупува во амбиентот.

„А вкусовите на тендерите, или тоа што имало на 'лагер' кај добавувачите се толку различни што заедничките јавни пешачки површини повеќе ни наликуваат на изложбен салон за плочки на отворено...“

Фото: Шанса за Центар

„Погледнете ги местата каде се спојуваат различните дезени и типови. Би дозволиле мајстор вака да ви уреди по дома? Можеби е крајно време да се унифицира и стандардизира изгледот, квалитетот и функционалноста на пешачките и велосипедските подлоги? Доколку насекаде се употребуваат истите материјали тоа ќе биде и поевтино за одржување и поправање и изведбата ќе биде полесна за планирање“, предложува Шанса за Центар. 

Тешко дека такво нешто ќе дочекаат центарци. Бидејќи секогаш локалната власт има изговори од типот „тоа го направи претходната власт“.

Фото: Шанса за Центар

„Но, за такво нешто треба отвореност во комуникацијата од страна на општината и јавно објавување на проектите за реконструкции на улици и јавни површини пред да бидат финализирани за да може да се дадат и вклучат сугестии и идеи. Таков 'луксуз' сѐ уште немаме...“, завршуваат од Шанса за Центар.

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар како независна советничка листа на локалните избори во 2021 година освои 3 советнички места во Советот на Општина Центар.

Фотографиите, над 40 на број, можете да ги погледнете во нивната објава на Facebook:

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе