Шарлиз Терон за снимањето на „Mad Max“: Не се чувствував безбедно покрај Том Харди

Со вкупно 10 номинации, од кои освои 6, „Mad Max: Fury Road“ е еден од најдобрите филмови, но и причина за раздор меѓу филмските ѕвезди. Ваквите детали до денес се интересни за јавноста.

Во книгата „Blood, Sweat & Chrome: The Wild And True Story Of Mad Max: Fury Road“, напишана од новинарот Кајл Букенен, детално е опишана караницата меѓу главните ѕвезди на филмот, Шарлиз Терон и Том Харди.

Односот меѓу актерите уште од почеток не бил добар, не се сложувале, а подоцна и отворено почнале да се караат и викаат еден на друг. Во еден таков момент Терон му кажала на Харди дека е агресивен.

„Тој ден, договорот за снимање беше во 8 часот наутро. Шарлиз стигна точно на време, се подготви за улогата и седна да чека знаејќи дека Харди нема да се појави на време, иако беше така замолен“, истакна снимателот Марк Голнихт и додаде дека Том бил познат по доцнење наутро.

Истиот ден Харди пристигнал три часа подоцна.

„Таа седеше нашминкана и во костим цели три часа, а Том се појави лежено одејќи низ пустината, по што таа збесна“, стои во книгата.

Том во тој момент го изгубил трпението и наводно почнал агресивно да се однесува кон актерката, по што таа побарала заштита на сетот.

„Беше прилично агресивен. Шарлиз се чувствуваше загрозено и тоа беше пресврт“, вели снимателот.

Подоцна, актерката вели изјави дека и било жал поради ваквиот однос со колегата, додавајќи дека немала премногу разбирање за Харди на кој сигурно не му било лесно да го замени Мел Гибсон.

„Поради личните стравови подигнав ѕидови за да се заштитам, наместо да си пријдеме еден на друг и да си изразиме почит“, вели Шарлиз.

Слично изјави и Том.

„Веројатно премногу се соживеав со филмот, а притисокот понекогаш беше преголем за двајцата. На неа тогаш и требаше некој со многу повеќе искуство“, заклучи Харди.

Сепак, на крајот, Терон и Харди остана партнери до крајот на снимањето на „Mad Max: Fury Road“ кој заработи 374 милиони долари.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе