Американската спринтерка Ше'Кари Ричардсон е новата светска шампионка на 100 метри. Таа во финалната трка во Будимпешта беше побрза од спринтерките од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шарика Џексон и се закити со златниот медал.
Ричардсон ја мина патеката на 100 метри за време од 10,65 секунди.
Светската шампионка на 200 метри од Орегон, Шарика Џексон, заврши на второто место со резултат 10,72 секунди, додека Шели-Ен Фрејзер-Прајс мораше да се задоволни со бронзата откако истрча за 10,77 секунди.