Шекеринска: Разочарани сме од Бугарија, очекуваме прогрес во декември

Скопје, 22 ноември 2020 (МИА) – И како членки на НАТО и како соседи со Бугарија делиме ист стратегиски интерес. Ни треба стабилен регион, просперитет и соработка на двата народи. Разочарани сме што Бугарија не даде поддршка да почнеме преговори со ЕУ, но се надевам дека во декември ќе постигнеме прогрес, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешното видеоучество на Меѓународниот безбедносен форум Халифакс.

–Се надевам дека нашите дискусии со Бугарија ќе бидат продуктивни бидејќи ние можеме да се согласиме на компромис кога е тој неопходен, но на прашања кои го засегаат правото на самоопределување, идентитетот, правото на употреба на својот јазик, ние сме крајно внимателни, рече министерката одговарајќи на прашањето за ветото од Бугарија.

Министерката посочи дека компромисот со Грција покажал дека нашата држава има капацитет да се справува со комплексни прашања кога се работи за стратешките цели.

-Не беше лесно да изнајдеме решение со Грција, но тој компромис се покажа клучен за нашето НАТО членство. Тој ја покажа нашата посветеност кон западните вредности, демократијата и кон добрососедските односи, рече министерката.

Зборувајќи за регионот Шекеринска рече дека неговата „комплексност и стратегиските игри на кои што е изложен бараат решенија пред да ‘експлодираат’ проблемите” и дека сметаме на соработка со новата администрација во Вашингон.

Во однос на членството во НАТО, Шекеринска рече дека дома е постигнат цврст консензус одбранбениот буџет да достигне 2 отсто од БДП и дека ситуацијата со КОВИД покажа дека инвестирањето во безбедноста нема алтернатива.

Халифакс безбедносниот форум и годинава (виртуелно) собра 300 меѓународни учесници од врвот на безбедноста и политиката меѓу кои и државниот секретар на САД Мајк Помпео, премиерот Џастин Трудо кој преку видео ги поздрави учесниците, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, сегашниот и идниот претседавач со Воениот комитет на Алијансата, министрите за одбрана на домаќинот Канада, на Турција, Естонија, Шведска, претседавачот на Минхенската безбедносна конференција Волфганг Ишингер и други звучни имиња од одбраната и безбедноста.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе