Шест причини зошто е добро да избегнете зараза со омикрон

Брзото ширење на омикрон варијантата, која предизвикува поблаг облик на COVID-19 во споредба со претходните облици, поттикна мислење според кое многумина се прашуваат зошто се трудиме да ја спречиме заразата ако сите, порано или подоцна, бидеме изложени на вирусот.

Експерти одговорија на ова прашање.

1. И понатаму може да заболите од потежок облик на болеста

Истражувањата покажаа дека е поверојатно омикрон да резултира со асимптоматски облик на ковид во однос на претходните варијанти. Меѓу заразените кои имаат симптоми голем број имаат благ облик на болеста како главоболка или растечен нос, но немаат проблеми со дишењето, како што беше со претходните варијанти.

Но, брзото ширење на омикрон значи и дека од потежок облик ќе заболат повеќе луѓе. Податоци од Италија и Германија покажаа дека луѓето кои не се вакцинирани се повеќе подложни на хоспитализација.

„Се сложувам дека порано или покасно сите ќе бидеме изложени на вирусот, но подобро е тоа да се случи подоцна. Зошто? Затоа што подоцна ќе имаме поквалитетни, подобри и подостапни лекови, како и поефикасни вакцини“, смета Мајк Нусензвајг од Универзитетот Рокфелер.

2. Може да заразите други луѓе

„Иако може да имате поблаг облик на болеста, вирусот и понатаму може да го пренесете на некој кој е во ризична група, подложен на смртен исход, дури и ако имате антитела стекнати со инфекција или вакцинација“, вели Акико Ивасаки, студентка за вирусна имунологија на Јејл.

3. Долгорочните последици на омикрон се непознати

„Уште немаме податоци за тоа колкав удел од инфекцијата со омикрон ќе заврши со долг ковид. Сите оние кои го потценуваат омикрон, го сметаат за поблага варијанта, се изложуваат на ризик од исцрпувачка болест која може да трае со месеци или години“, предупредува Ивасаки.

4. Недостиг на лекови

Треба да се има на ум дека два од три лека се неефикасни против омикрон. Ако се разболите, можеби нема да имате пристап до лекување.

5. Проблем со преполни болнички капацитети

Поради рекорден број заразени, болниците мораат однапред да одложат договорени хируршки зафати, како и лекување на онколошки пациенти. Во текот на претходните скокови во бројот на заразени и оние на кои им била потребна хоспитализација, преполните болници не биле во можност на адекватен начин да ги лекуваат останатите итни случаи како оние со срцев удар.

6. Повеќе заразени значи нови варијанти на вирусот

Омикрон е петтата варијанта на изворниот SARS-CoV-2 и преостанува да видиме дали понатамошната мутација ќе забави.

Високиот степен на заразени дава можност вирусот понатаму да мутира и нема гаранција дали новата варијанта ќе биде поблага од претходните.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе