Шест работи кои треба да ги знаете за детето родено во знакот на Скорпија

Ако вашето дете е родено во периодот меѓу 23 октомври и 22 ноември или ако треба да се роди во наведениот период, според астрологијата тогаш е во знакот на Скорпија. Тоа е знак познат по интензивните емоции, тајни, но и лојалноста.

Што треба да знаете за децата родени во овој знак?

Многу се таинствени

Чуваат сѐ во себе, копнеат за приватност и им треба време за да се отворат. Иако ја ценат самотијата, многу се интуитивни кога нешто не е во ред. Тие сакаат да го откриваат тоа што се сокрива од нив во домот, многу се љубопитни.

Чувствителни се

Иако можеби изгледаат прибрано, во внатрешниот свет на детето се крие вулкан. Работата на родителот е да го наведе да ги сподели чувствата, да разговара за нив и да каже ако нешто го вознемирува. Скорпијата е страстен знак, а децата Скорпии можат да бидат екстремни во нивните емоции.

Поддршката им е многу важна

Скорпиите се силни и храбри и не сакаат да признаат дека им е страв. Иако можат да бидат многу храбри, сепак и тие имаат стравови и несигурности, па токму затоа им е потребна родителската поддршка. Прегратка, топол збор и охрабрувачка насмевка понекогаш се доволни за детето да се почувствува сигурно.

Сакаат мистерии

Исто како вистинските скорпии во природата, луѓето родени во овој хороскопски знак сакаат темнина, изолација и криење. Веројатно омилена игра на детето му е криенката, како и останатите игри кои овозможуваат исчезнување. Исто така, заинтересирани се и за сѐ што има врска со мистерија и магија.

Имаат силна волја

Уште од раѓање, овие бебиња имаат непоколеблив поглед и безгранична енергија со која ги надвладуваат сите околу нив. Тие ќе минуваат граници, ќе заобиколуваат правила во играта и ќе имаат силен, натпреварувачки карактер. Затоа е важно како родители да го воспитувате цврсто, но и со искажување нежности.

Посесивни се

Децата родени во знакот на Скорпија имаат тешкотии со делењето играчки и предмети со нивните врсници. Пофалете го ако забележите дека нешто дели со другарчињата или роднините. Секогаш бидете подготвени на разговор со детето ако има испади на љубомора и посесивност, сепак во некои моменти може да ги искаже и овие карактеристики.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе