Шест улици во Охрид ќе добијат индивидуални садови за одлагање отпад

Индивидуалните домаќинства на шест улици во Охрид оваа година согласно Програмата за заштита на животната средина и природа ќе добијат садови за одлагање отпад.

Програмата преку која секоја година се доделуваат канти за отпад оваа година предвидува пластични садови од по 120 литри да добијат домаќинствата на улиците „Димо Хаџи Димов“, „Париска комуна“,  „Партизански одреди“, „ АРМ на Македонија“, „Сирма Војвода“ (само непарни броеви) и „Момчило Јорданоски“ (само парни броеви).

Граѓаните садовите за отпад ќе можат да ги подигнат во просториите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ на улицата „АСНОМ“, а за подигнување треба да приложат документ за лична идентификација на кој ќе биде видлива адресата на живеење и сметка за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад. Кантите ќе може да се подигнат секој работен ден во текот на овој месец од 7 до 13 часот.

Граѓаните садовите за отпад треба да ги оставаат на лесно достапни места за возилото за собирање на отпад согласно предвидената динамика за собирање на отпадот од наведената улица.

– Целта на оваа активност е да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигање на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина. Во голема мера отпадот се собира во нестандарна амбалажа, а со собирање во соодветни пластични садови се подобруваат хигиенско-санитарните услови, заради тоа што нема непријатни миризби и нема разнесување на отпадот и формирање на диви депонии, посочуваат од локалната самоуправа.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Свет

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Read more

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Read more

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе