Шилегов до Арсовска: Улицата Втора македонска бригада никогаш не била избришана во Скопје

Макфакс
/ 14.08.2023 / 17:16

Градоначалничката Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје да се врати името на улицата „Втора македонска бригада“, која претходниот состав на Советот ја променил во „Адем Демачи“. Екс-градоначалникот Петре Шилегов обелодени дека името на улицата „Втора македонска бригада“ во скопската населба Чаир никогаш не било избришано.

„Улицата 'Втора македонска бригада', никогаш не беше (била) избришана во Скопје. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење!!! Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од било која (чија) страна, се резултат на тотална неинформираност (или свесна манипулација) со јавноста. Ја нема таа сила која што мене би ме натерала да се откажам од светата борба за национална слобода на македонскиот народ. Поранешната ул. 'Ловќенска 9' се вика улица 'Втора македонска бригада'. Но, како што веќе беше кажано од моја страна, национализмот (чиј и да е) е прибежиште на наспособните“, напиша Шилегов во својата објава на Facebook.

Косовскиот премиер Албин Курти во петокот претстојуваше во Скопје на церемонијата на преименувањето на улицата во Чаир, што наиде на остри реакции во јавноста, како и негодувања од страна на државниот врв, пред сѐ од премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.

Во Законот за Град Скопје стои дека Советот на градот е единствен надлежен за преименување на улици.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Ново

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Читај повеќе

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе
  • filter

30 април 1945 – Адолф Хитлер и Ева Браун се самоубиле во Берлин

Читај повеќе

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Читај повеќе