УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024 ПОЛУФИНАЛЕ

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Битката на титаните за пласман во големото финале во Лигата на шампионите на УЕФА може да започне. Баерн и Реал Мадрид по осми пат ќе играат полуфинален дуел во Лигата на шампионите и Купот на шампионите на УЕФА, германскиот гигант води со 4:3 во тие битки за финалето, а се верува дека тој што на 8 мај ќе ги подигне рацете во воздух во знак на конечна победа ќе биде и главен кандидат за освојување на вредниот пехар на 1 јуни на „Вембли“.

На 26 натпревари против Реал, Баварците остварија 12 победи, 3 нерешени и 11 порази. Излегоа како победници на дуелите во сезоните 1975/1976 (1:1, 2:0), 1986/1987 (4:1, 0:1), 2000/2001 (1:0, 2:1) и 2011/2012 година (2:1, 1:2; 3:1 пен.).

Мадриѓаните беа поуспешни во ерата на Лигата на шампионите во 1999/2000 (2:0, 1:2), 2013/2014 (1:0, 4:0) и на последниот двомеч во 2017/2018 (2:1, 2:2). Овие два клуба играа трипати во четвртфиналето на Лигата на шампионите и Реал секогаш победуваше: 1987/1988 (2:3, 2:0), 2001/2002 (1:2, 2:0) и 2016/2017 (2:1, 4:1), како и двапати во осминафиналето - 2003/2004 (Реал победи со 1:1, 1:0) и 2006/2007 (Баерн победи со 2:3, 2:1 - гол повеќе на гости).

URL
Четири дуели во сезоната 1999/2000

Реал Мадрид и Баерн се сретнаа дури 4 пати во сезоната 1999/2000 во Лигата на шампионите на УЕФА.

Во групата Ц, Баерн победи на двата натпревара - во Мадрид беше 4:2, а 4:1 во Минхен. Но, на крајот Реал отиде во финалето за пехарот бидејќи се сретаа и во полуфиналето каде подобар беше Реал со 2:0 победа и  1:2 пораз. Потоа во финалето ја освои титулата со 3:0 победа над изненадувањето Валенсија.

Реал

Историјата е едно, сегашноста е нешто сосема друго. Сепак, Карло Анчелоти, тренерот на Реал, знае како е да се води Баерн.

„Сите знаат што може Реал да направи во Лигата на шампионите, не сме потценети. Чувствуваме голема почит од сите во натпреварувањето. Имаме голема самодоверба, но и почит кон Баерн. Немаат одлична сезона во Бундеслигата, но одиграа спектакуларни натпревари против Арсенал, а ние треба да ја земеме предвид историјата на клубовите во Лигата на шампионите“, изјави тренерот на Реал.

URL
Анчелоти седеше на двете клупи

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, по третпат има можност да биде актер на дуелот помеѓу шпанскиот и германскиот гигант.

Имено, тој го водеше Реал во сезоната 2013/2014 и двапати го победи Баерн во полуфиналето со 1:0 во Мадрид и 4:0 во Минхен. Токму таму го најави крајот на Пеп Гуардиола на клупата на Баварците.

Баерн

После 11 сезони Баерн ја загуби титулата во Бундеслигата од Баер Леверкузен, Суперкупот го освои Лајпциг, одамна беа елиминирани од ДФБ купот, па Лигата на шампионите на УЕФА е единственото натпреварување во кое може да освојат трофеј оваа сезона.

„Сакаме да стигнеме до финалето. Направивме еден чекор против Арсенал и сега е време да го направиме следниот против Реал. Сакаме да бидеме конкурентни во полуфиналето, а потоа да се најдеме на 'Вембли'. Тоа нема да ни помогне да ги вратиме бодовите од другите натпреварувања, но планираме да играме во финалето на Лигата на шампионите“, изјави Томас Тухел, тренерот на Баварците, кој го напушта клубот по крајот на сезоната.

Можни состави

Кингсли Коман сѐ уште е повреден кај Баварците и најверојатно нема да биде во составот, додека на Реал му недостасуваат Дани Карвахал (суспензија) и повредениот Дејвид Алаба, поранешен играч на Баерн. Хари Кејн сезонава постигна 7 гола во Лигата на шампионите, еден повеќе од Килјан Мбапе, па Англичанецот ќе сака да стигне до финалето и да биде најдобар стрелец.

Баерн: Нојер - Кимих, Даер, Де Лихт (Ким), Мазрауи - Лајмер, Горецка - Сане, Мусиала, Герејро - Кејн.

Реал: Лунин - Васкес, Ридигер, Начо (Чуамени), Менди - Валверде, Чуамени (Камавинга), Крос - Белингам - Родриго, Винисиус.

Судии

Правдата ќе ја дели Клемeн Турпан од Франција, а ќе му помагаат сонародниците Никола Дано и Бенжаман Паж, додека четврти судија е Сандро Шерер од Швајцарија.

Во ВАР собата главен ќе биде Жерон Бризар, а ќе му асистира Вили Делажод, двајцата од Франција.

Пренос

Натпреварот на „Алианц“ арената, која во натпреварувањата на УЕФА е заведена како „Минхен“ арена бидејќи е забрането имиња на спонзори, почнува во 21:00 часот. На територијата на Македонија директен пренос ќе оди на Arena Premium 1.

URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе