Шпанците воопшто не се заинтересирани за Лигата на нации

Хрватска и Шпанија од 20:45 часот ќе го играат финалето на Лигата на нации во Ротердам.

Ова е мечот кој на хрватската фудбалска репрезентација може да ѝ го донесе првото меѓународно злато во историјата. Шпанците во полуфиналето ја победија Италија, додека Хрватска ги исфрли домаќините од Холандија по продолженијата.

Финалето на Лигата на нации е голем настан за Хрватите, но се чини дека на Шпанците не им е премногу гајле. Тоа може да се види од насловните страници на шпанските медиуми, каде што нема ништо за Лигата на нации. Marca, As, Mundo Deportivo и Sport главно пишуваат за Реал Мадрид и Барселона и потезите кои овие клубови би можеле да ги направат во текот на преодниот рок.

Далиќ рече дека е подобро да го нема ова натпреварување

Многу поголем настан што ги окупира шпанските наслови е неделната трка во Формула 1. Треба да „копате“ утрото пред финалето на Лигата на нации за да најдете дури и навестување дека Шпанија и Хрватска играат денеска во Ротердам. Тоа не е чудно бидејќи Лигата на нации е натпреварување чија важност варира во зависност од резултатите.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ на почетокот на ова издание на Лигата на нации изјави дека ќе му биде подобро доколку не постоеше ова натпреварување. Меѓутоа, како што Хрватска почна да игра подобро, важноста на Лигата на нации во очите на навивачите, играчите и тренерите исто така се зголеми. Треба да се запомни и дека УЕФА ја започна Лигата на нации за да ги замени често здодевните пријателски натпревари.

Што добива победникот во Лигата на нации?

Тимот што ќе оди до крајот на натпреварувањето и ќе го земе златото ќе добие околу 14 милиони евра кои ќе ги плати УЕФА. Само за споредба, ХНС доби околу 29 милиони евра за среброто на Мундијалот во Русија. Покрај богатите парични награди и престиж, освојувањето на Лигата на нации повлекува и голем спортски мотив. Ваквиот успех на репрезентацијата ќе ѝ ги олесни квалификациите за следното Европско првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија.

На ЕУРО покрај домаќините ќе има уште 23 репрезентации. Дваесет од нив ќе го обезбедат своето место со освојување на едно од првите две места во квалификациската група, додека преостанатите три репрезентации ќе се приклучат преку плеј-офот.

Репрезентациите кои ќе учествуваат на завршниот турнир од Лигата на нации ќе бидат извлечени во групи кои ќе имаат по пет селекции (другите ќе имаат шест) за да можат во својот календар да го вклучат финалето на Лигата на нации.

Во случај Хрватска да ја освои Лигата на нации и да не биде прва или втора во групата во квалификациите, ќе има уште една шанса за пласман, бидејќи автоматски ќе обезбеди пласман во плеј-офот.

Во плеј-офот ќе учествуваат 12 екипи кои ќе одиграат три мини-турнири, а шампионот на секој турнир оди на ЕУРО. И да не ја освојат Лигата на нации, Хрватска би можела да го обезбеди своето место во европлеј-офот. Имено, доколку Националната лига ја освои репрезентацијата која го освои еврото преку квалификациите, нејзиното загарантирано место во плеј-офот оди на тимот со следен најдобар пласман во Лигата на нации.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе