Шпанија денеска ја легализираше евтаназијата

Шпанските пратеници, денеска, со големо мнозинство ја легализираа евтаназијата, и покрај силното спротивставување на Католичката црква и десничарските партии.

Владиниот предлог-закон за евтаназија, што може да се спроведе само под строго пропишани услови, беше изгласан со мнозинство од 198 гласа „за“ наспроти 138 „против“, додека двајца пратеници беа воздржани од гласањето.

Предлог-законот наведува дека лице кое страда од сериозна или неизлечива болест има право да побара помош при умирање, под услов тоа да го побара за да избегне неподносливо страдање. Барањето мора да се достави во писмена форма, а потоа мора да се повтори по петнаесет дена. Потоа мора да биде одобрено од двајца лекари, по што на крајот оди кај надлежната комисија.

Здравствените работници кои не сакаат да учествуваат во постапката им се признава правото на приговор на совеста.

Трошоците за постапката одат на државен буџет.

Шпанските пратеници ја легализираа евтаназијата и помогнато самоубиство за луѓето со неизлечиви или исцрпувачки болести, кои сакаат да стават крај на својот живот. Со ова Шпанија стана четвртата земја во Европската Унија што одлучи да го преземе ваквиот чекор. Белгија, Луксембург и Холандија веќе ја легализираа евтаназијата. Сличен план во понеделникот не успеа во соседна Португалија, кога највисокиот суд во земјата, Уставниот суд, го отфрли законот одобрен од Парламентот како неуставен.

– Денеска е важен ден, ние се движиме кон признавање на човековите права. Ние се движиме кон похумано и поискрено општество, изјави пред пратениците шпанската министерка за здравство Каролина Дариас.

Законот, што важи за возрасните лица кои легално престојуваат во Шпанија, ќе стапи на сила за три месеци, за да се добие во време за формирање на регионалните комисии кои ќе ги разгледуваат и одобруваат апликациите.

Пред парламентот, про и контра групи на законот демонстрираа за време на дебатата и гласањето. Новиот закон се соочува со жестоко противење од десничарските и верските групи.

реклама

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе