Шпанската министерка за здравство, Каролина Дариас, денеска ја информира јавноста дека здравствените влаасти во земјата ја кренаа возрасната граница од 55 на 65 години за употреба на вакцината против коронавирус на AstraZeneca.
– Возрасната граница од 55 се крева на 65 години, рече шпанската министерка.
Шпанските власти првично ја ограничија употребата на вакцината AstraZeneca на лицата помлади од 55 години, бидејќи податоците од клиничките испитувања не се однесуваа на постарите лица.
Меѓутоа, подоцнежните клинички испитувања кај луѓето постари од 55 години покажаа поголема ефикасност, при што многу земји ја поместија возрасната граница за употреба на оваа вакцина.
Шпанија е меѓу европските земји што се најмногу загрозени од коронавирусот, со досега регистрирани 3,2 милиони заразени и дури 73.000 мртви.