Шпански медиуми: Меси ќе си замине од ПСЖ бесплатно 

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе ја одбие понудата за нов договор од Пари Сен Жермен и наместо тоа ќе го напушти клубот бесплатно следното лето, пренесуваат бројни шпански медиуми.

Меси (35) ја напушти Барселона во 2021 година за да му се приклучи на парискиот клуб со двегодишен договор, со опција за уште една година.

По тешката дебитантска сезона во францускиот фудбал, во која постигна само шест првенствени гола, Меси конечно се прилагоди на новата средина.

Тој оваа сезона веќе постигна шест гола и имаше осум асистенции за ПСЖ, а исто така постигна четири гола овој месец за Аргентина.

Сепак, и покрај неодамнешниот пораст на формата, Меси ќе бара да го напушти „Паркот на принцовите“ на крајот од актуелната сезона, пренесува шпанскиот новинар Микел Бласкез.

„Лео Меси е јасен дека нема да го продолжи договорот со ПСЖ. Аргентинскиот фудбалер нема да продолжи да игра во Париз следната сезона", напиша Бласкез на Twitter.

URL

Се сугерираше дека Меси би можел да се врати во Барселона каде што освои 10 титули во шпанската лига и четири Лига на шампиони.

„Би сакал да се врати, но во моментов Лео има договор со друг клуб, така што тоа е невозможно. Ќе видиме во иднина“, рече тренерот на Барселона Чави на прашањето дали би сакал неговиот поранешен соиграч да се врати во клубот.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта претходно изјави дека се надева дека приказната за Лео и Барселона ќе продолжи.

Сепак, Меси инсистира дека моментално е среќен во ПСЖ откако го надмина тешкиот почеток во францускиот фудбал.

Тагови
реклама

Фудбал

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Read more
 

Спорт

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе