Што да очекувате ако одлучите да станете веган?

Сѐ повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за вегански начин на исхрана. Не само што ова може да го промени вашето тело, туку може да има и позитивно влијание на планетата.

Луѓето кои следат веганска исхрана може да доживеат некои работи поинаку од оние кои јадат месо или се вегетаријанци. Тие исто така може да забележат промени во здравјето на зглобовите и коските, но и во навиките за спиење.

Еве неколку промени што може да ги забележите ако преминете на веганска исхрана:

1. Можно е да спиете подобро

Ова е затоа што веганите, генерално, јадат повеќе храна со растителни влакна и помалку заситени масти. Имено, едно истражување покажа дека ова може да биде совршен рецепт за добар сон. Ако практикувате веганска исхрана, веројатно јадете посложени јаглехидрати кои го стимулираат ослободувањето на серотонин, помагајќи ви да спиете подобро.

2. Можно е да изгубите неколку килограми

Неколку студии покажаа дека веганството влијае на вашата тежина. Во една студија, и возрасните и децата кои следеле веганска исхрана внесувале помалку протеини, холестерол и заситени масти. Всушност, децата кои следеле веганска исхрана изгубиле во просек 3,1 кг за време на пробниот период.

3. Можна е хормонална промена

Иако сојата може да биде добра замена за месо, ако ја јадете во поголеми количини може да има негативни ефекти врз вашето тело. Откриено е дека јадењето големи количини соја може да ја наруши работата на тироидната жлезда, која е одговорна за контрола и балансирање на вашите хормони. Ова може да доведе до нерамнотежа, што значи дека може да биде поздраво да се најдат други замени за месо.

4. Зглобовите се помалку воспалени

Храна како путер, сирење и хамбургери може да предизвика воспаление во зглобовите бидејќи содржи многу заситени масти. Ново истражување покажува дека исхрана што се базира на намирници од растително потекло, особено веганството, може да помогне при симптомите на ревматоиден артритис. Ова е делумно затоа што нема да јадете толку многу заситени маснотии, и исто така затоа што ќе јадете повеќе храна што всушност помага во борбата против воспалението.

5. Храната ќе има поинаков вкус

Напуштањето на исхраната богата со сол, маснотии и шеќер може да влијае на вашите рецептори за вкус. Чувствителноста на вашите рецептори за вкус се менува кога ќе започнете да практикувате исхрана од растително потекло и да исфрлате производи од животинско потекло и масти.

6. Проблеми со надуеност

Ако јадете многу зеленчук како прокељ, брокула и зелка, може да почувствувате проблеми со гасови и надуеност. Бидејќи вашето тело не е во состојба да ги процесира сите влакна, можно е да почувствувате надуеност. Затоа се препорачува да пиете многу вода за да бидете сигурни дека вашиот дигестивен систем целосно ја вари храната.

7. Почиста кожа

Она што го јадеме може директно да влијае на нашата кожа. Студиите сугерираат дека растителната исхрана може да помогне во борбата против акните и генерално да го подобри здравјето на вашата кожа. Со ограничување на внесувањето на млечни производи и јадење повеќе храна што е природен антиоксиданс, може да ѝ направите услуга на кожата. Имено, се чини дека консумирањето многу млечни производи може негативно да влијае на вашата кожа поради хормоните и стероидите кои се природно присутни во нив.

8. Мирисот на вашето тело се менува

Одредени видови зеленчук, како што се зелката и кромидот, содржат многу природен сулфур. Кога вашата диета е богата со ваква храна, потта и здивот може да почнат да мирисаат на храна што се распаѓа во вашето тело.

9. Имате повеќе енергија

Се чини дека веганската исхрана може да помогне во подигнување на нивото на енергија. Исхраната базирана на растенија е полесна за варењето на храната, што значи дека телото не е толку уморно. Кога вашиот дигестивен систем работи премногу напорно, може да се чувствувате летаргично и без енергија. Ако следите веганска исхрана, тоа може да значи дека имате повеќе енергија и може да забележите дека сте попродуктивни во текот на денот.

10. Чувствителност на коските

Веганска исхрана може да значи дека можете да имате пониско ниво на калциум и витамин Д во споредба со невеганите. Поради ова, може да имате поголем ризик од остеопороза, што може да доведе до почести скршеници, покажа новата студија спроведена од универзитетот Оксфорд.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе