Што е имплозија и како се случува?

Кајгана/Макфакс
/ 27.06.2023 / 15:04

Трагичниот епилог на подморницата „Titan“ го популаризираше терминот имплозија, кој многумина прв пат го сретнаа. Имплозија е буквално обратно од експлозија.

Имплозија е постапка при која предметите се уништуваат со уривање сами во себе. Таа концентрира материја и енергија. Најдобар пример за имплозија е токму подморница, која високиот притисок на водата ја смачкува навнатре.

Имплозијата е вшмукувачка постапка што ја тера материјата навнатре, а не нанадвор како кај експлозијата. Меѓутоа ова навнатрешно движење не следи права патека до центарот, туку следи спирална, виорна патека.

Експлозија (лево) и имплозија (десно)

Уште во 2016 година една епизода од популарната документарна серија „MythBusters“ на Discovery беше посветена токму на имплозијата. Тогаш, Адам Саваж одлично објасни што се случува кога настанува имплозија.

Симулација на имплозија на вагон

Тимот на „MythBusters“ сакаше да симулира имплозија во огромен вагон цистерна, долг 20 метри и висок 4,5 метри, направен од челик со дебелина од 1,27 сантиметар. Вагонот е наменет да заштеди работи, како гориво, дури и во случај на излетување од шините.

Remote video URL

Безбедносното „досие“, како што наведоа во клипот, е 99,99%, а вагонот е дизајниран да трае половина век. Како може нешто такво спонтано да имплодира?

Ако навистина се случило, тоа има врска со притисок, објаснуваат од „MythBusters“.

Разлика во притисокот

Вагонот се чистеше со пареа внатре и надвор, што создаде жешка средина внатре. Испуштањето пареа го помести воздухот. Но, ако предметот е затворен додека е уште топол, а потоа се остава да се излади, пареата се кондензира и внатрешниот притисок опаѓа.

Ова значи дека сега значително поголем надворешен притисок турка навнатре од површината.

Имплозијата ја покажаа, на пример, на метален контејнер, кој набргу се скрши под притисок.

„Научниот принцип е јасен, останува само прашањето за размерот (на објектот)“, велат од „MythBusters“.

1 атмосфера во симулација, во „Titan“ до 400

Иако ова изгледа драматично, Iflscience.com истакнува дека треба да се има предвид дека разликата во притисокот за овој вагон е само 1 атмосфера, а во случајот со подморницата „Titan“ притисокот бил околу 375-400 атмосфери. Под ваков притисок имплозијата би била значително побрза и подеструктивна, веројатно била скршена целата подморница за дел од секундата.

Делови од подморницата „Titan“ беа пронајдени во четвртокот по исчезнувањето на 18 јуни за време на спуштањето до потонатиот брод „Титаник“ на речиси 700 километри од Њуфаундленд, Канада. Во имплозијата на „Titan“ загинаа сите пет патници, а меѓу нив беше и извршниот директор на компанијата и пилот на подморницата, Стоктон Раш.

Откога почна да се развива ситуацијата со исчезнатата подморница, до моментот кога се дозна дека таа импплодирала, беше објавено дека раководството на компанијата претходно било предупредено за безбедносните проблеми со „Titan“, но дека ги игнорирале мерките и, генерално, избегнале проверка на стандардите, кои сè уште не постоеја поради нејзините иновации.

Во 2021 година Раш во интервју изјави дека знаел дека прекршил некои правила кога ја градел својата подморница.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе