Што го спречува Клоп да ја води германската фудбалска репрезентација?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека би му било голема чест да стане селектор на германската фудбалска репрезентација, но дека поради својата лојалност нема баш така да ги напушти „црвените“ и дека затоа оваа можност е далеку од реализација.

Селекторот на Германија, Ханси Флик, во последните месеци е под голем притисок од јавноста поради екстремно слабите резултати, а тоа е доволно веднаш да го постави прашањето за неговите наследници и да лицитира со имињата на оние кои би биле добри за оваа функција.

Како и секогаш со Германија, прв на радарот е Јирген Клоп, а менаџерот на Ливерпул вели дека тоа би му претставувало голема чест и дека нема дилеми околу тоа. Сепак, проблем е неговата лојалност и тоа што не може да го напушти Ливерпул со кој има договор до 2026 година.

„Работата селектор на репрезентацијата би била голема чест и нема дилема. Но единствениот проблем што ми стои на патот е мојата лојалност. Не можам туку така да го напуштам Ливерпул и да станам селектор, тоа не се прави така и затоа нема можност тоа да се случи“, изјави Клоп.

Тој вели дека сè уште не знае што ќе прави откако ќе замине од Ливерпул и дека сака да ги држи отворени сите опции.

„Работата на тренерот е интересна. Но, не знам дали ќе направам нешто сосема поинакво откако ќе заминам од Ливерпул. Сакам да ги задржам сите мои опции отворени“, додаде Клоп.

Клоп е менаџер на Ливерпул од 2015 година, а со овој тим ја освои титулата во Англија, прва за „црвените“ по 30 години и титулата во Лигата на шампионите.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе