Што ја чека Европа откако Германија го секна рускиот гас?

Откако Германија одлучи привремено да ја прекине сертификацијата на гасоводот Северен поток 2, цела Европа стравува дека тоа ќе се одрази на цените на овој енергенс.

Енергијата е едно од клучните политички прашања на Стариот континент, а значителни количини од неа се дистрибуираат од Русија. Веќе оваа зима цените на бензинот беа рекордно високи, а руско-украинската криза е причина за страв дека ќе бидат уште повисоки.

Цените се малку пониски од минатиот Божик, но се значително повисоки отколку во 2020 година. Сепак, аналитичарите не очекуваат одлуката на Германија привремено да ја суспендира сертификацијата на Северен поток 2 драматично да влијае на цената на гасот зимава. Претходно се претпоставуваше дека овој гасовод нема да профункционира пред втората половина на 2022 година.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, вчера, 22 февруари, изјави дека Европејците наскоро ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри гас поради одлуката на Германија. Аналитичарот Том Марзек-Мансер истакна дека тоа ќе биде за 20 отсто повеќе од рекордната цена на овој извор на енергија од декември 2021 година.

Но, Европа сега е во малку подобра ситуација, во споредба со неколку месеци порано, бидејќи овој и минатиот месец увезуваше поголеми количини течен природен гас (LNG). Ова го истакна и Хенинг Глојштајн, директор за енергија, клима и ресурси во Евроазиската групација. Олеснителна околност е што зимата е релативно блага.

LNG од САД и Катар ќе ѝ помогне на Европа да ги надмине сите дополнителни тешкотии во дистрибуцијата на гас од Русија. Сепак, голем проблем би бил доколку Русија целосно го прекине снабдувањето со гас, како одговор на западните санкции, пишува CNN.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе