Што ќе прави BioNTech со милијардите заработени со корона-вакцината?

Со својата вакцина против коронавирусот, BioNTech се искачи на врвот на светот, и од финансиска гледна точка.

Сепак, во компанијата веќе размислуваат што ќе се случи по завршувањето на пандемијата и подготвуваат огромна инвестиција во Сингапур.

Компанијата од Мајнц, Германија, го зголеми својот промет во првиот квартал од оваа година за повеќе од 70 пати во споредба со истиот период минатата година, на околу 2 милијарди евра, а профитот се зголеми за трипати во однос на претходниот квартал на околу 1,1 милијарда евра, пишува Deutsche Welle. Како што се очекуваше, ова се должи на вакцината.

„Со оглед на нашата вакцина, јас сум исклучително среќен за уникатната совршеност на нашиот тим и соработката со нашиот партнер Pfizer. До денес испорачавме над 450 милиони дози во 91 земја во светот“, рече коосновачот на BioNTech, Угур Сахин, на денешната виртуелна прес-конференција.

BioNTech сепак забележа загуба од околу педесет милиони евра во првиот квартал од минатата година, но сите трошоци за истражување и инвестиции се исплатија. Во моментов, оваа компанија работи на понатамошно зголемување на производството за да се покријат побарувачката за вакцина ширум светот што е можно поскоро. Веќе престанаа да гледаат на себе како на нов играч во светот на фармацијата, и се подготвени да ја преземат улогата на глобален концерн што ќе има работа и по завршувањето на пандемијата со коронавирусот. Нивната специјалност ќе продолжат да бидат вакцини против заразни болести, но и препарати против рак.

Кога станува збор за вакцината, BioNTech планира да формира седиште за регионот на Југоисточна Азија. Планирана е фабрика во Сингапур што ќе може да произведува до милијарда дози вакцини годишно, но тие не размислуваат само за COVID-19.

„Гледаме подалеку од COVID-19. Се надеваме дека ќе создадеме регионален и можеби глобален центар за снабдување за цела низа различни вакцини и терапевтски препарати“, изјави Сахин за весникот FAZ. Се работи за генетски модифицирани препарати за кои се предвидува дека ќе играат голема улога во медицината, сè до борба против ракот. Германската компанија не сака да зборува конкретно за висината на инвестицијата, но во секој случај, во фабриката во Сингапур ќе бидат инвестирани средства „во износ од стотици милиони американски долари“, вели коосновачот на компанијата .

Според медиумите, Сингапур лесно прифатил да учествува во инвестицијата, а централата таму треба да започне со работа во 2023 година, пишува Deutsche Welle. Сингапур ќе биде вториот чекор во проширувањето на BioNTech. Седиштето е основано и во Кембриџ во американската држава Масачусетс минатата година. Досега компанијата од Мајнц се стремеше да соработува само со Кина.

Најголемиот купувач на BioNTech сè уште е Европската Унија. Брисел очигледно нарачува многу повеќе дози од сите производители отколку што има жители во Унијата. Уште 900 милиони се веќе нарачани од BioNTech за периодот од декември оваа година до 2023 година со опција за нови 900 милиони.

Изгледа наскоро ќе има доволно дози на вакцини во ЕУ, но во посиромашните земји ситуацијата е многу полоша. Откако ова беше тема во Светската здравствена организација неколку пати, американскиот претседател Џо Бајден дозволи можност за суспендирање на патентот на вакцината против корона, за да може да се произведува во посиромашните земји. Сахин не гледа на ова како идеја што ќе направи многу во борбата против пандемијата, бидејќи дури и ако патентот беше суспендиран, ќе требаше најмалку една година за да се изгради фабрика што ќе може да произведува толку сложени препарати. Другите експерти кои ја следат работата на фармацевтскиот сектор не сметаат дека тоа ќе биде потребно: не само BioNTech, туку и други производители на вакцини веќе работат на проширување на капацитетот и во многу предвидлива иднина ќе има доволно подготовки за секого. Очигледна е и политичката волја на побогатите земји да им помогнат на сиромашните да добијат доволно вакцини за нивната популација, пишува Deutsche Welle.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе