Што ќе прави Меркел по 16 години на чело на Германија? За почеток - ништо

Пo шеснаесет години на чело на Германија, првото нешто што Ангела Меркел сака да го направи по повлекувањето од политиката е „да се наспие малку“. Но, што ќе прави после тоа?

Долгогодишната канцеларка не зборуваше многу за своите планови откако на 8 декември му ја предаде власта на социјалдемократот Олаф Шолц, пишува France Presse.

Во четирите мандати, 67-годишната Меркел често ја нарекуваа најмоќната жена на светот, но неодамна навести дека нема да ѝ недостига моќта.

„Брзо ќе сфатам дека сега тоа е одговорност на некој друг. И мислам дека ќе ми се допадне“, рече таа за време на посетата на Вашингтон летово.

Позната по својата издржливост и способност да остане свежа по целоноќните состаноци, Меркел еднаш рече дека може да го складира спиењето како што камилата складира вода.

Но, на прашањето во главниот град на САД за пензионирањето, канцеларката одговори: „Можеби ќе се обидам да прочитам нешто, па очите да почнат да ми се затвораат бидејќи сум уморна и ќе заспијам“.

За почеток ништо

Меркел, која стана пратеник набргу по обединувањето на Германија во 1990 година, исто така неодамна изјави дека никогаш немала време да размислува што друго може да направи.

„Никогаш не сум имала нормален работен ден, па природно престанав да се прашувам што ме интересира надвор од политиката“, рече таа за време на заедничкото интервју со нигериската писателка Чимаманда Нгози Адичи.

„Имам 67 години и не ми останува неограничено време. Тоа значи дека треба добро да размислам што сакам да правам во следната фаза од животот.

Дали сакам да пишувам, дали сакам да држам говори, да планинарам, да останам дома, да патувам низ светот? За почеток, решив да не правам ништо, па ќе видиме што ќе се случи“.

Нејзините претходници не останаа долго во сенка по напуштањето на функцијата. Хелмут Шмит, канцелар до 1982 година, стана еден од уредниците на неделникот Die Zeit и популарен политички коментатор.

Хелмут Кол отвори своја консултантска фирма, а Герхард Шредер стана лобист и шеф на одборот на директори на рускиот нафтен гигант Роснефт, што не помина без контроверзии.

Германскиот писател Дејвид Сафиер замислил повозбудлива иднина за поранешната канцеларка во неговиот роман „Госпоѓица Меркел“, во кој таа го прекинува своето пензионирање за да истражи мистериозно убиство.

Садење зеленчук

Меркел би можела да посака да поминува повеќе време со нејзиниот сопруг Јоаким Зауер во Хоенвалде, селце во близина на градот Темплин во поранешна Источна Германија, каде што пораснала и има куќа каде што знаеше да се повлече за да се одмори. Таму би можела да се посвети на одгледување зеленчук, особено компири. Во интервју за магазинот Bunte во 2013 година, таа изјави дека особено ужива во тоа.

Познато е и дека е обожавател на вулканскиот остров Д'Искиа во близина на Неапол и градот Сант Анџело.

Поранешната научничка би можела да оди и на турнеи за јавно говорење на голем број универзитети, од Сеул до Тел Авив, кои ѝ доделија почесни докторати.

Меркел ќе добива пензија од 15.000 евра месечно, покажуваат пресметките на германското здружение на даночни обврзници. Но, таа никогаш не се расфрлала со пари. Додека ја водеше најголемата европска економија, таа живееше во стан на четврти кат во Берлин и често сама одеше во супермаркет по намирници.

Во 2014 година, канцеларката дури го однесе кинескиот премиер Ли Кечијанг во нејзиниот омилен супермаркет по билатерален состанок.

Затоа, можно е некогаш најмоќната жена на светот едноставно да минува мирни вечери дома, пиејќи го омиленото бело вино со нејзиното омилено јадење – чорба од компири.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе