Што ќе се случува со цените на нафтата летово?

Цените на нафтата може летово привремено да скокнат на 80 долари за барел или повеќе, бидејќи побарувачката закрепнува многу брзо, се согласуваат берзанските аналитичари.

Повторното отворање на стопанствата ширум светот веќе доведе до пораст на цената на сировата нафта за околу 40 проценти од почетокот на 2021 година, а интензивирањето на патувањата за време на сезоната на летни празници во САД, како и зголемениот товарен транспорт и обновен воздушен сообраќај може дополнително да ги поттикнат цените, се наведува во прилогот на CNBC.

За потрошувачите, ова значи дека ефектите од зголемувањето на цените на горивата, кои обично се јавуваат на почетокот на летото, може да се почувствуваат во текот на сезоната.

Фјучерсите за Брент сирова нафта од Северното Море, кои се меѓународна референтна цена за „црното злато“, пораснаа денеска за 1,6 проценти на 71,48 долари за барел, што е највисоко ниво од 8 јануари 2020 година.

Цената на американската WTI нафта за јулските испораки исто така зајакна за 1,6 проценти на 68,83 долари за барел, откако во еден момент за време на тргувањето го допре нивото од 69,65 долари, највисокото од 23 октомври 2018 година .

„Побарувачката расте многу брзо затоа што сите возат, гледаме дека и Европа повторно се отвора. Се чини дека Индија го достигна врвот на инфекциите, во однос на бројот на случаи со корона, што според мене може да значи враќање на мобилноста“, вели Франциско Бланш, глобален стратег за сирова нафта и деривати во Bank of America.

Производството веќе закрепнува

Енергетските аналитичари се согласуваат дека светот чека период на повисоки цени на горивата, но тие не се согласуваат за тоа колку и колку долго.

Бланш верува дека Брент веќе достигнала максимум 70 долари овој квартал, но има многу пооптимистички среднорочни проценки од другите аналитичари.

„Мислам дека повторно може да ја видиме цената од 100 долари за барел во следните три години и јас останувам на тоа. Тоа би била приказната за 2022 и 2023 година“, додаде тој.

Тој тврди дека „дел од таа приказна е фактот дека ОПЕК ги држи сите карти во свои раце“, дека од страната на понудата пазарот не соодветствува особено на цените, но дека постои голема потисната побарувачка, која беше задушена од пандемијата...

„Исто така, имаме зголемена инфлација од сите страни... и нафтата заостанува зад растот на цените во целата економија“, рече Бланш.

Членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, група позната како ОПЕК +, постепено ја враќаат нафтата на пазарот. Тие се согласија да го спроведат нивното претходно планирано зголемување на производството од 350.000 барели на ден во јуни и уште 450.000 барели на ден, почнувајќи од јули.

Саудиска Арабија, исто така, одлучи да го прекине своето доброволно поголемо намалување на испумпувањето за околу еден милион барели дневно отколку што се бара со договорот на ОПЕК, што го воведе на почетокот на оваа година.

Групата ОПЕК + се согласи во април да го зголеми производството за повеќе од два милиони барели дневно до крајот на јули.

Американските нафтени компании сега произведуваат околу 11 милиони барели на ден, во споредба со околу 13 милиони барели на ден пред пандемијата. Аналитичарите велат дека е неизвесно колку брзо или дали американските компании ќе го продолжат производството на тоа ниво.

Политиката ќе замеша прсти

Наспроти Бланш, потпретседателот на аналитичката куќа IHS Markit, Даниел Џергин проценува дека цената на нафтата во просек годинава ќе остане на околу 70 долари за барел.

„Гледаме брз раст на побарувачката од првиот до третиот квартал, за седум милиони барели на ден. Случај, кој е малку веројатен, цената на нафтата да достигне 80 американски долари, би предизвикал реакција. Тоа би влијаело на побарувачката, а исто така би имало и политички реакции на тоа “, вели Јергин.

Тој е убеден дека политичките лидери ќе интервенираат во таа ситуација. Џергин додава дека американскиот претседател Џо Бајден е во политиката доволно долго „за да знае дека високите цени на бензинот секогаш се проблем за оној кој е претседател“.

Аналитичарите сметаат и дека поради забрзаниот раст на побарувачката, пазарот ќе може да апсорбира дополнителни милиони барели иранска нафта дневно, доколку бидат укинати санкциите на САД, што е условено со барањето на администрацијата на Бајден, Техеран да се врати на своите обврски според нуклеарната програма на земјата.

Кога тоа може да се случи, засега останува непознато, според CNBC.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе