Што се случи со палатата за „бунга бунга“ забави на Берлускони?

Резиденцијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во Рим, каде што ги организирал т.н. „бунга бунга“ забави со проститутки, беше пренаменета како седиште на меѓународните медиуми.

Берлускони, кој почина минатиот јуни на 86-годишна возраст, доминираше со италијанската политика од 90-тите и беше вмешан во серија корупциски скандали и секс скандали. Поранешниот италијански премиер престојуваше во дел од римската палата Грациоли од 1996 до 2020 година.

Просторот од 1.600 квадратни метри сега е претворен во канцеларија и центар за прес-конференции, со лустери и обоени тавани, за 450-те членови на италијанската асоцијација за странски печат.

Италијанската влада традиционално ја плаќа киријата за здружението, а нејзиното ново седиште во близина на центарот на градот Пјаца Венеција го отвори во вторникот претседателот Серџо Матарела.

Резиденцијата била поврзана со проституција

Тоа е еден од многуте домови што му припаѓаа на милијардерот Берлускони низ Италија, а кога тој беше во него имаше прозорци отпорни на куршуми и голем кревет со балдахин, подарок од рускиот претседател Владимир Путин, пријател на покојниот премиер.

Резиденцијата била поврзана и со проституција. Бизнисменот Џанпаоло Тарантини беше осуден за најмување проститутки за доцните вечерни забави на Берлускони во палатата, со надеж дека ќе му се допадне на тогашниот премиер.

Патриција Дадарио, една од тие жени, пред судот и во книгата што ја објави рече дека одбила да учествува во оргија со Берлускони, но дека спиела со него на креветот што му го подарил Путин ноќта кога Барак Обама победи на претседателските избори во САД во 2008 година.

Берлускони во 2009 година изјави дека не знаел дека Д'Адарио е проститутка. Никогаш експлицитно не негираше дека ја поминал ноќта со неа, но призна дека „не е светец“.

Берлускони често беше во судир на интереси и во конфликт со медиумите

Војводата Џулио Грациоли, аристократ чие семејство ја поседува палатата од 1840-тите, изјави за годишникот на Асоцијацијата за странски медиуми дека видел многу луѓе како доаѓаат и си одат додека Берлускони живеел таму.

„Беше многу забавно од таа перспектива“, рече тој. Берлускони, конзервативен медиумски магнат кој често се наоѓаше во судир на интереси, немаше добри односи со новинарите, а особено беше внимателен кога станува збор за странските медиуми, кои ги сметаше за пристрасни или непријателски настроени кон него.

„Не знам што би мислил Берлускони таму за овој куп комунисти, како што би рекол тој, кои се вселуваат во палатата Грациоли“, се пошегува италијанската премиерка Џорџа Мелони на настан со странски новинари минатиот месец.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе