Што тајна крие Холандскиот Стоунџенџ?

Група археолози објавија дека откриле праисториска религиозна локација што ја нарекоа Холандски Стоунхенџ.

Ископувањата на археолошкиот локалитет, кој денес се наоѓа на 50 километри југоисточно од Утрехт во Холандија, започнаа во 2017 година. Првите резултати од оваа повеќегодишна истрага беа објавени во јуни годинава, кога беше откриено дека наодот вклучува гробница стара 4.000 години - која служела како соларен календар.

Во внатрешноста на тумбата со неколку влезови низ кои блескало Сонцето во текот на најдолгиот и најкраткиот ден од годината, откриени се посмртните останки на околу 60 мажи, жени и деца. Тоа ја вбројува меѓу уникатните откритија кога станува збор за оваа европска земја.

Пронајдок со потекло од Месопотамија откриен во Холандскиот Стоунхенџ

За време на ископувањето, археолозите забележале разлика во бојата на глината на локацијата, што им овозможило да разберат дека тука има три различни могили. Ќе испадне дека главната тумба има дијаметар од 20 метри, но и, како што веќе споменавме, премини кои служеле како сончев календар.

„Луѓето го користеле овој календар за да одбележат важни моменти, вклучително и фестивали и денови на жетва“, велат археолозите. И додаваат дека токму поради таа причина откритието ги потсетува на Стоунхенџ. Во непосредна близина имало уште две могили, кои околу 800 години биле користени како гробници.

Сепак, откритието кое најмногу ги изненади е стаклено зрно од една од гробниците, за кое по детална анализа се покажа дека е потекнува од Месопотамија.

„Оваа џамлија патувала околу 5.000 километри пред четири милениуми“, вели водечкиот истражувач Кристиан ван дер Линде, а пренесуваат агенциите.

„Тогаш тука не се правело стакло, така што зрното веројатно било спектакуларен предмет, бидејќи тоа бил непознат материјал за луѓето овде“, додаде Стајн Арнолдусен, професор на Универзитетот во Хронинхен. Додаде и дека засега не се знае како џамлијата стигнала до Тил, а не ја исклучува можноста да постоела подолг период пред размената на стоки меѓу древен жител на овој регион и луѓе од Блискиот Исток.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе