Што треба да знаете за Олена Зеленска, првата дама на Украина?

Олена Зеленска е првата дама на Украина и сопруга на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Иако на почетокот не ја одобрувала неговата политичка кариера сепак му дала поддршка и останала покрај него, исто како и сега, кога земјата е во тешка криза.

Како што се влошува руско-украинската криза, луѓето ширум светот сакаат да дознаат повеќе детали за украинскиот претседател и неговиот приватен живот.

Зеленски стана лидер во 2019 година, освојувајќи 73% од гласовите, а тогаш покрај него застана и неговата сопруга Олена. Зеленски пред да влезе во политиката работел како комичар, а со 44-годишната Олена е во брак од 2003 година. Заедно имаат две деца, синот Кирил и ќерката Александра.

Освен што е сопруга и мајка, Олена е и прва дама на Украина, улога која си ја има сериозно сфатено. Таа е афирмирана сценаристка и писателка, како и авторка на стрипови.

Во интервју за Corriere della Sera, Олена има изјавено дека одлуката Володимир да се занимава со политика не ја одушевила, но подоцна одлучила да ја прифати.

Олена му била голема поддршка на сопругот и претходно, па своевремено е карактеризирана како негов личен консултант кој му помага и советува.

Зеленска на почетокот на офанзивата се огласи на Instagram, порачувајќи им на Украинците дека се неверојатни и дека е горда што живее со нив во иста земја.

„Денес нема да плачам и паничам. Ќе бидам смирена и сигурна. Моите деца ме гледаат, јас ќе бидам покрај нив и покрај мојот сопруг. Исто така и  покрај вас, порача првата дама на Украина.

Таа вчера објави видео во кое прикажа тажни сцени од Украина, објаснувајќи дека вака денес изгледа нејзината земја.

 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе