Што всушност мислат мажите кога ќе кажат за жена дека е „лоша во кревет“?

Мажите кои зборуваат дека една жена е лоша во кревет веројатно со сексот поврзуваат некои други работи како несигурноста на жената во нејзиниот изглед, недоволно труд во креветот, користењето секс за манипулација и слично.

Ова се некои од причините поради кои некои мажи сексот може да го сметаат недоволно квалитетен:

Несигурноста на жената поради физичкиот изглед

На многу жени им е непријатно да се соблечат пред партнерот или да водат љубов со вклучено светло. Тоа само покажува како сметаат дека не се доволно убави и совршени и поради тоа се срамат. Тоа води кон ниска самопочит, срамежливост и затоа не можат да се опуштат во кревет.

Мажот кој искрено ја сака партнерката ќе ги сака и сите нејзини недостатоци. Колку поголема самодоверба има жената толку и попривлечна ќе биде.

Недостаток на интима и блискост

Да се биде близок и интимен со партнерот е клучно за секоја квалитетна врска. Некои жени сакаат да манипулираат со партнерот преку секс, а има и жени кои несвесно го прават тоа, особено во долгите врски. Избегнувањето секс, уценувањето со тоа воопшто не е паметно ниту добро. Манипулацијата од кој било тип не може да заврши добро.

Спонтаните бакнежи, прегратки, комплименти се работи кои треба да се случуваат секојдневно. Со тоа покажувате дека се грижите за другиот, дека го сакате каков што е, а тоа води кон подобар сексуален живот.

Запуштен изглед на жената

Тоа што сте заедно 15 години не значи дека треба да го занемарите личниот изглед. Нормално дека нема да се шминкате секој ден, но понекогаш треба повеќе да се потрудите и да ја одржувате страста.

Не е баш пријатно по дома да одите неуредна, ако го дозволите тоа така и ќе се чувствувате. Самодовербата ќе ви паѓа, а тоа ќе се одрази и на вашиот сексуален живот.

До секс доаѓа кога сѐ е совршено

Да бидеме реални, со текот на времето сѐ поретки се совршените моменти за секс. Не чекајте идеално расположение за секс, потрудете се за тоа расположение. Не чекајте да се случи нешто случајно, овозможете го тоа. Допирајте се меѓусебно, гледајте се во очи, опуштете се со добра музика и препуштете се на страстите.

Комуникацијата е најважна.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе