Швајцарски модел за раст на пензиите и финансика поддршка за пензионерите

Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1.000 денари за април, мај и јуни.

– Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50% зголемување на трошоците на живот и 50% учество на порастот на минималната плата, рече по завршувањето на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

– Со воведувањето на оваа методологија и со зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 година имаме историски најголемо покачување на пензиите. Со ова потврдуваме и исполнуваме уште едно од ветувањата дадени на денот кога ја избиравме Владата, а тоа е дека грижата за пензионерите ќе биде нејзин врвен приоритет, истакна Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

Финансиската поддршка за пензионерите, појасни Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од ковид-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

– Заради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина, се договоривме Владата да исплати финансиска помош на сите пензионери од по 1.000 денари за три месеци – април, мај и јуни, што треба да помогне во зголемувањето на буџетот на пензионерите, истакна премиерот.

Според вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици Фатмир Битиќи, средствата предвидени за оваа намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но и со ребалансот на буџетот.

– Средствата предвидени за ова намена може да се реализираат од страна на пензискиот фонд, но, со оглед на тоа дека ова усогласување е исто така во делот на втората половина од годината, дополнително ќе може да се реализира и со ребалансот на буџетот, кој ќе биде во текот на годината, како и секоја година. Исто така и за еднократната помош ќе може да се реализира уште сега како што беше најавено од страна на премиерот, рече Битиќи.

Според него, ликвидноста во однос на исплатата на пензиите, без разлика на економската и енегретската криза, во ниту еден случај нема да биде под знак прашалник.

Првата средба за утврдување на новата медодологија беше одржана во февруари.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе