Шварценегер има пет совети за сите фитнес почетници

А.С.
/ 13.02.2023 / 18:37

Сте одлучиле да бидете физички поактивни, па тешко е да знаете од каде да започнете.

Затоа Арнолд Шварценегер доаѓа на помош. Бодибилдерската легенда ги изненади корисниците на Reddit кога се појави на форумот „Прашај ме што било“. Таму одговараше на прашањата на обожавателите за неговиот дневен распоред за вежбање, за неговиот омилен рецепт за протеински шејк и за придобивките од вежбањето во јавна теретана.

Седумкратниот победник на натпреварот Мистер Олимпија одговараше на прашања пет часа и сподели пет фитнес совети за почетници.

Започнете со мали нешта

„Мојот совет до почетниците е едноставен: почнете. И потоа не застанувајте додека не ви стане рутина. Тој прв чекор е најтежок“, напиша тој.

Советува да почнете со 30-минутни прошетки. Тој ги советува оние кои веќе пешачат да додадат склекови и чучњеви во својата рутина. За почеток, направете пет склекови и пет чучњеви (сквотови). Тогаш нека бидат четири склекови и четири сквотови.

„Одморете се ако треба. Продолжете со три склека и три сквота, потоа два и два и на крајот еден и еден. На тој начин ќе направите 15 склекови и 15 сквотови во еден ден", предложи тој и забележа: „Ако тоа ви е лесно, следниот пат почнете од 10“.

Зачувајте го моментумот

Ѕвездата на „Терминатор“ верува дека мотивацијата е минлива, додека рутината е она што нè одржува. Затоа тој предлага по 10 минути вежбање секој ден во текот на еден месец, по што времето треба да се зголеми на 15 минути за следниот месец.

„Вежбањето мора да стане рутина.“

Запишете ја секоја вежба

Еден форумџија праша Шварценегер дали е корисно да се следи напредокот за време на вежбањето и како го прави тоа.

„Го надгледувам секој мој тренинг. Го означувам бројот на повторувања на таблата во теретана“, призна актерот.

Избегнувајте да го користите телефонот во теретана

Шварценегер е поборник за забрана на користење на мобилни телефони за време на вежбање. Всушност, едно истражување покажа дека користењето телефон пред вежбање може да ја намали силата за речиси 30 проценти.

Не заборавајте на протеините

За оние кои штотуку започнале со фитнес, Шварценегер препорачал внесување на протеини во исхраната, особено за оние кои се обидуваат да набијат мускули.

„Фокусирајте се на едноставните работи. Јадете протеини со секој оброк. Пробајте го тоа еден месец. Секогаш кога ставате храна во уста, погрижете се да има извор на протеини во неа“, додал тој.

Омилена храна за одржување на мускулната маса му се омлетите или матените јајца со зеленчук. За појадок ужива и во јогурт со гранола, а како ужина избира бадеми или протеински шејк.

„За вечера само супа од зеленчук“, тврди тој.

Што се однесува до неговиот омилен рецепт за протеински шејк, Шварценегер избира протеински прав, банана, бадемово млеко, малку сок од цреша и неколку капки ракија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе