Шверцот со дрога во ЕУ тежи 31 милијарда евра годишно: Што се троши најмногу?

Трговијата со дрога вреди повеќе од 31 милијарда евра годишно, се вели во најновиот извештај за дрога објавен денеска од Европол и Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (EMCDDA).

Според извештајот, најтргувана дрога во ЕУ е канабисот, во вредност од 12 милијарди евра годишно. Втора е кокаинот со околу 11,6 милијарди евра.

Влијанието на меѓународната трговија со дрога врз животот во европските земји е сè посилно, предупредија Европол и EMCCDA при претставувањето на извештајот. Насилството, корупцијата и поткопувањето на правото и демократијата се во пораст, изјави шефицата на Европол Кетрин Де Боле во Хаг.

„Криминалните мрежи го заразија самото јадро на нашите заедници, проткајувајќи се низ структурата на нашата демократија и економија. Тие ја нагризуваат довербата, поттикнуваат насилство и создаваат циклуси на зависност и сиромаштија“, додаде таа.

„Потребен е внимателен, унифициран одговор за да се заштитат нашите граѓани и општество од сеприсутното влијание на овој невидлив непријател. Користејќи го Европол, земјите-членки на ЕУ можат да ги здружат ресурсите, да споделуваат криминални разузнавачки информации и да ги координираат акциите во борбата против нелегалната дистрибуција на дрога“, истакна Де Боле.

„Истражителите идентификуваа околу 800 криминални групи кои ја загрозуваат безбедноста на државите“, рече Де Боле, додавајќи дека дрогата е еден од главните извори на приход за организираниот криминал.

Според извештајот, Европа е централна за производството, снабдувањето и трговијата со дрога. Експертите посочуваат дека во Европа има големо производство на канабис и синтетички дроги, како и големо количество кокаин шверцуван од Латинска Америка.

Иако во изминатите 10 години е запленет многу повеќе кокаин отколку претходно, тој исто така доведе до поголемо насилство во некои градови, рече Де Боле, предупредувајќи дека конфликтите меѓу бандите се во пораст.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе