Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

По долго „крчкање“ конечно излезе најновиот албум на Суперхикс насловен како и истоимениот сингл „Сила и Нервоза“.

Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака. Снимен во студиото „Тра Ла Ла“ под продуцентска палка на Мите Димовски (освен „Скарантин“ – Ненад Трифуновски). Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.

Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во CD формат. Следува за скоро и винилот.

Новиот албум на „Суперхикс“ денеска беше промовиран во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Денешната промоција на новиот албум е само една од низата активности кои ќе се случуваат по повод 30-годишниот јубилеј на овој значаен бенд, а централната манифестација ќе се случи на 29 јуни во паркот кај салата „Расадник“, каде Суперхикс со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт.

На денешниот настан присуствуваше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Чест и задоволство ми е да бидам на денешната промоција на уште еден албум од култните 'Суперхикс' со кои растеа и музички созреваа многу генерации. Драго ми е што Општина Кисела Вода е домаќин на нивните активности поврзани со 30-годишното музичко постоење на македонската сцена и кои, како што кажа Пеце, ќе ги има во голем број во периодот што е пред нас, сѐ до финалниот голем концерт закажан за 29 јуни во 'Расадник'. Ќе биде убаво заеднички да се прослават двата родендена - и тој на 'Суперхикс' и на Општина Кисела Вода. Но, со деталите ќе излеземе подоцна. Засега да уживаме во новиот албум кој од она што досега го слушнав, многу ми се допаѓа“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на денешната промоција.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Музика

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе