Земјотрес од 4,9 степени го погоди Пловдив, соседна Бугарија.
Потресот се случил околу 14:30 часот по македонско време и траел околу 15 секунди.
Бил регистриран на длабочина од 2 километра, јавуваат бугарските медиуми.
Бил почувствуван од граѓаните на Пехчево и Берово во Македонија. Сеизмолошката лабораторија објави дека потресот во источниот дел од Македонија бил почувствуван со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.