Силјановска–Давкова: Четириесет проценти од министрите ќе бидат жени

Носителката на Изборна единица 1 на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ Гордана Силјановска- Давкова од пред музејот на Македонската борба порача дека во програмата „Обнова“ се втемелени принципите на обнова на почитта, рамноправноста, знаењето и креацијата.

– Обнова на почитта, родовата рамноправност, обнова на респектот на енергијата, знаењето креацијата, неискористениот ум на жените во Македонија бидејќи бројот на министерки во оваа влада беше три па стана четири со госпоѓицата Нина Ангеловска ама во однос на 26 е мачоизам политички од невидени размери, рече денеска Силјановска- Давкова.

Дополнително Силјановска-Давкова потенцираше дека ВМРО – ДПМНЕ се залага за рамноправна застапеност на жените во политиката и оти тоа е голем исчекор за демократијата во државата.

Таа порача дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти кои се наменети за целосно и рамноправно вклучување на жените во општествениот и политичкиот живот.

– Во обновата се вели дека 40 проценти од министрите ќе бидат жени. Ќе се согласите дека бројката не е македонска некако скандинавска како да е и ете и тоа е исчекор во поглед на сензибилизирањето на балканскиот машки воинствен милитантен свет, потенцира Силјановска–Давкова.

Според неа, ВМРО – ДПМНЕ со пример покажува дека го остварува тоа што го ветува, а тоа е дека има жени кои се носителки на листата и многу вклучени во самите листи, но дека во проектите се обврзува за исполнување на ветувањата од 40 отсто застапеност на жени во политиката.

– Не само тоа и на листите како што гледате има повеќе жени одошто мажи и дури има две жени кои се носителки на листата, а има неколку кои се втори или трети. За мене е тоа демократски исчекор и јас мислам дека доаѓа времето на жените во Македонија, дополни Силјановска – Давкова.

Тагови
реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе