„Симпсонови“ предвидоа две ударни вести во еден ден: Трамп и Barbie

Фановите на „Симпсонови“ се убедени дека анимираната ТВ-серија уште еднаш предвиде два неповрзани актуелни настани што се случија ист ден - апсењето на Трамп и филмот за Барби.

Корисниците на социјалните мрежи уште еднаш на креаторите на серијата им препишаа видовите моќи, по обвиненијата кон поранешниот американски претседател Доналд Трамп и хистеријата околу филмот Barbie на Грета Гервиг.

Апсењето на претседателот и Barbie беа теми во заплетот во епизодата на „Симпсонови“ од 1994 година насловена „Lisa vs. Malibu Stacy“.

Обвинителот на Кривичниот суд на Менхетен го обвини Трамп по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги. Ваквиот развој на настаните се совпадна со објавувањето на новиот трејлер за филмот Barbie со Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги.

URL

Сцена во епизодата прикажува ТВ програма каде водителот Кент Брокман ја споменува кампањата на Лиса Симпсон да ги натера креаторите на куклата Барби да воведат нејзина феминистичка верзија која ќе ги омоќи младите девојки.

„Иако беше невообичаено да се потрошат 28 минути известувајќи за кукла, невозможно е овој репортер да престане да зборува. Ова се навистина фасцинантни вести луѓе. Добра ноќ“, рече тој.

Потоа, во типичен пресврт, Брокман го завршува сегментот со објавување дека претседателот е уапсен.

URL

Епизодата оригинално се емитуваше во 90-тите, кога популарноста на играчката беше на својот врв, и затоа не беше невообичаена референца во медиумите во тоа време. Можеби попрониклива беше премисата на епизодата за преобликување на имиџот на Барби за да ги одрази модерните феминистички вредности.

Remote video URL
Remote video URL

Овие предвидувања се придружуваат на долгата низа предвидувања на „Симпсонови“ кои наводно ќе се остварат. Во минатото, тие беа заслужни за „предвидување“ на сè, од немирите во Капитол до фактот дека Камала Харис стана потпретседателка.

Така, на социјалните мрежи се воодушевија од уште една „прецизна епизода“ во серијата и коментираа дека е „најлудата“ досега бидејќи поврзува два актуелни настани, како и дека сцената од епизодата „буквално ги прикажува денешните вести“.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе