Симптоми што ви кажуваат дека имате дијабетес тип 1

Дијабетесот тип 1 е автоимуна болест во која панкреасот престанува да произведува инсулин.

Имунолошкиот систем на луѓето кои страдаат од оваа болест ги напаѓа и ги уништува клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин.

„Инсулинот е хормонот одговорен за одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта“, вели Рејчел Аракава од Одделот за ендокринологија, дијабетес и болести на коските во болницата Маунт Синај.

Кога телото не произведува инсулин, не постои начин да се исфрли шеќерот или гликозата од крвта.

„Тоа ја прави крвта поконцентрирана, станува како мед“, изјави ендокринологот Аканкаша Гојал за Health.

Некои симптоми на дијабетес тип 1 се појавуваат во детството, но тоа може да се случи на која било возраст.

„И постои мит дека тоа е генетско заболување, но не е. Повеќето заболени немаат семејна историја на болеста“, вели ендокринологот Емили Брајдбарт.

Дијабетес тип 1 не може да се спречи

Не постои начин да се спречи дијабетес тип 1. Најдоброто нешто што можете да направите е да внимавате на симптомите кои можат да станат многу опасни.

Ако дијабетесот тип 1 напредува брзо, телото може да влезе во опасна состојба наречена дијабетична кетоацидоза, која бара итна медицинска помош.

„Нашите тела обично генерираат енергија преку гликоза. Кај дијабетична кетоацидоза, телото мора да ги разгради мастите за да обезбеди ‘гориво’ за себе. Кога тоа ќе се случи, се формираат кетони, кои можат да бидат опасни кога ќе се акумулираат. Тие можат да ја закиселат крвта, што може сериозно да го разболи човекот“, додава д-р Брајдбарт.

И покрај тоа што е сериозна болест, може да се лекува. Веднаш штом ќе забележите дека нешто не е во ред, контактирајте го вашиот лекар.

Ова се симптоми на кои треба да обрнете внимание бидејќи може да укажуваат на присуство на дијабетес тип 1.

1. Често мокрење

Честото мокрење е еден од трите главни симптоми на дијабетес тип 1. Без инсулин, шеќерот се акумулира во крвотокот и ја згуснува крвта.

Бубрезите делуваат како филтер и отстрануваат сѐ што не треба да се најде во крвта. Значи, кога имате премногу шеќер во крвта, бубрезите мора да работат понапорно, објасни д-р Гојал.

2. Прекумерна жед

Бидејќи често уринирате, вашето тело губи многу течност и чувствувате прекумерна жед. Вака влегувате во маѓепсан круг.

„Пиете многу течности, премногу мокрите“, вели д-р Гојал.

Ако зачестено уринирате и не пиете доволно течности, може да дојде до дехидратација. Симптомите на оваа состојба вклучуваат главоболка, гадење и несвестица. Покрај тоа, дехидратацијата може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да го продлабочи проблемот.

3. Необјаснето губење на тежината

Без шеќерот што ги одржува, изгладнетите клетки почнуваат да бараат алтернативни извори на енергија.

Кога телото почнува да ги разградува мастите и мускулите за потрошувачка на енергија, тоа може да доведе до ненадејно губење на тежината, дури и ако јадете нормално.

Но, слабеењето се случува и затоа што телото не ги добива потребните калории од гликозата.

„Кога телото не може да користи гликоза, во основа ги исфрлате сите тие калории преку урината. Така, вие не создавате енергија или апсорбирате калории од она што го јадете“, објаснува д-р Брејдбарт.

4. Замор

Заморот е релативно чест симптом кај автоимуните болести. Кога телото е нападнато, тешко е да се најде потребната енергија за извршување на секојдневните активности.

Заморот може да се манифестира како, на пример, забрзано дишење дури и кога не сте толку под стрес.

5. Сладок мирис на здивот

Кога телото ќе почне да ги разградува мастите и да ги користи како извор на енергија, можно е да мирисате слатко. Масните киселини содржат кетони, вклучително и ацетон, кој е одговорен за слаткиот, овошен мирис.

„Здивот со мирис на овошје е еден од знаците дека вашето тело навлегло во дијабетична кетоацидоза. Повикајте брза помош ако наеднаш почувствувате гадење и повраќање, болки во стомакот, лош мирис на овошје, забрзано дишење или намалено ниво на свесност“, вели д-р Аракава.

6. Абдоминална болка

Болката во стомакот е компликација на ацидоза. Најчесто се јавува со болка во градите, гадење и повраќање, забрзано дишење, слабост, поспаност и конфузија.

7. Заматен вид

Колку е повисоко нивото на шеќер во крвта, толку е поголема веројатноста тоа да влијае на вашите очи. Високото ниво на гликоза во крвотокот може да предизвика истекување на течноста во леќата. Затоа може да отече и да ја промени формата, што предизвикува заматен вид.

Откако ќе почнете да го контролирате шеќерот во крвта, вашиот вид треба да стане поостар, обично за шест недели. Ако нивото на шеќер во крвта е постојано високо подолго време, може да дојде и до слепило.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе