Синхронизацијата на iPhone за Windows 11 е достапна за сите

Microsoft ја заврши испораката на Phone Link iOS поддршката за корисниците, откако ја лансираше бета функцијата во февруари.

Компанијата забележува дека iPhone поддршката за апликацијата Phone Link сега е достапна за сите корисници на Windows 11.

Функцијата беше најавена во февруари, а оваа опција на Microsoft ви овозможува да ги синхронизирате повиците, контактите и пораките - вклучително и ограничената поддршка за iMessage - помеѓу вашиот iPhone и компјутерот.

Phone Link (под различни имиња) беше достапен за синхронизација помеѓу Android и десктоп од 2015 година и сега за прв пат го поддржува iPhone.

Сепак, Phone Link за iPhone има неколку ограничувачки фактори кои ги немаат телефоните со Android. Прво, иако поддржува синхронизација на iMessage, не работи со групни разговори или при испраќање фотографии и видеа. Дополнително, апликациите за говорна пошта и iMessage нема да работат.

Ако сакате да ја користите функцијата, побарајте Phone Link во таск барот на Windows. По отворањето на апликацијата, треба да се постават некои опции на двата уреди.

Прво, изберете iPhone како тип на уред, а потоа користете ја камерата на телефонот за да го скенирате QR-кодот во апликацијата Phone Link. Уредите ќе се спарат преку Bluetooth и ќе треба да дадете неколку дозволи на iPhone и компјутерот. Поддржан е секој iPhone што работи со iOS 14.0 или понова верзија на софтверот.

URL
Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе