Синот на Бекам исмеван за кулинарските вештини

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам сѐ уште се обидува да го пронајде својот пат кога е во прашање професијата со која сака да се занимава во животот, а во моментов во таа насока се обидува да ја насочи својата страст за готвење.

Токму поради тоа што веќе „зачекорил“ во светот на возрасните, а сè уште не нашол занимање со кое ќе се бави, често е мета на потсмев.

Сега тоа се повтори и во најновата објава на неговиот Instagram, каде 23-годишникот ги покажа своите вештини во правење домашна пица.

На видеото се гледа како Брукилн ги меша вообичаените состојки за тесто - брашно, квасец и маслиново масло со чаша вода. Тестото го остави да отстои пред да го рассука, а на друга страна правеше сос од домати и испржи печурки. Откако ги нареди состојките и ја испече пицата, ја украси со листови босолок.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Иако неговата сопруга Никола Пелц остави коментар во кој му изразува поддршка на сопругот, судејќи според другите реакции, следбениците не се воодушевени.

Тие се осврнаа на состојките кои младиот готвач ги користи при правењето пица.

„Сериозно? Основата за твојот сос се конзервирани домати и свеж лук?“, е еден од коментарите.

Други корисници истакнаа и дека пицата изгледа „недоволно испечена“.

„Оваа пица изгледа ужасно“, напиша еден корисник, додека друг му рекол на младиот Бекам „да престане да готви“.

Инаку, ова не е прв пат да го исмејуваат Бекам. Неодамна беше запрен на улица возејќи скап автомобил и го прашале што работи за живот што успеал да си дозволи таква кола, а тој одговорил дека е готвач.

„Еј човеку, со што се бавиш? Колата ти е супер“, го прашал Бруклин тиктокерот Дениел Мек откако го видел зад воланот на неговиот автомобил.

Застанувајќи за момент, тој одговори: „Јас сум готвач“, што поттикна голем број саркастични коментари на социјалните мрежи.

Некои истакнаа дека Бруклин „никогаш во животот не работел смена во ресторан“, но дека „се издвојува“ по тоа што е роден во мултимилионерско семејство, како и фактот дека сега е во брак со ќерка на милијардер.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Живот

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Read more
 

Магазин

5 знаци дека сте во токсична врска со себе

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе