СИРИЗА бара активирање на групата за пријателство Северна Македонија – Грција

Атина, 26 јануари 2021 (МИА) – Активирање на парламентарната група за пријателство меѓу Северна Македонија и Грција и одржување тематски состаноци во областите од најголем интерес за двете соседни земји, бараат пратеници од СИРИЗА во писмото до претседателот на конкретната група, пратеникот од Нова демократија Јоргос Влахос и до претседателот на грчкиот Парламент Костантинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина.

Дописот е од потпретседателот на групата за пријателство Северна Македонија- Грција, пратеникот од СИРИЗА Никос Папас и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, кој воедно е и надлежен за надворешна политика во опозициската партија, а го потпишуваат вкупно 17 пратеници од СИРИЗА, членови на групата за пријателство меѓу двете земји.

– Со цел дополнително зајакнување на суштинската соработка меѓу двете земји, Ве молиме да преземете иницијативи за јакнење како на дипломатските така и на парламентарните односи меѓу Грција и Северна Македонија и бараме итно „активирање“ на групата за пријателство и одржување на тематски состаноци во областите од најголем интерес за двете соседни земји, пишуваат пратеници од СИРИЗА во дописот и додаваат дека тие ќе поддржат секаква иницијатива.

Групата за пријателство е формирана во март минатата година, но досега не е одржан ниту еден состанок иако, како што пишуваат пратениците од СИРИЗА, по Договорот од Преспа „се отвори ново поглавје во дипломатијата, надворешната политика и економската соработка меѓу двете земји“.

-Оваа нова реалност веќе ја прифаќа и Владата на Нова демократија, која изјавува дека го гарантира и почитува Договорот од Преспа, тврди дека тој мора да се почитува во целост и самата Влада ги признава огромните и повеќекратни придобивки што произлегуваат за нашата земја од спроведувањето на овој историски договор, пишуваат во дописот пратениците од СИРИЗА, пренесе МИА.

Групата за пријателство Северна Македонија – Грција во грчкиот Парламент брои 23 членови, од кои еден претседател, еден потпретседател и секретар.

Претседател е пратеникот од Нова демократија Јоргос Влахос, негов потпретседател е Никос Папас од СИРИЗА, а секретар пратеникот од Комунистичката партија Јоанис Делис.

Останатите 20 членови се 15 пратеници од СИРИЗА и пет од Нова демократија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе