Сите голови поради кои Јуве го донесе Кјеза
Погледнете ги сите 26 голови на Федерико Кјеза кои ги има постигнато во Серија А носејќи го дресот на Фиорентина.
Родум од Џенова, 22-годишниот Федерико е син на поранешниот голгетер на Сампдорија, Парма, Фиорентина и Сиена, Енрико Кјеза. Федерико од својата 10-годишна возраст е член на „Виолетовите“ од Фиренца за кои досега во Серија А одигра 137 натпревари и постигна 26 голови.
Во новава сезона веќе одигра 3 натпревари постигнувајќи 1 гол пред, на огромно разочарување на навивачите, да биде пратен на позајмица во Јувентус.