Сите потези на Барди на дебито за Трабзонспор
Енис Барди синоќа дебитираше за својот нов клуб Трабзонспор во гостувањето кај данскиот шампион Копенхаген во рамките на последното квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Барди во игра влезе во 58. минута на местото на Гркот Манолис Сиопис во момент кога турскиот шампион имаше негатива од 2:0. На крајот натпреварот заврпи 2:1, а следува реванш во Трабзон наредната среда.