Сите вработени во градинките ќе бидат тестирани, уште се бара решение како ќе работат

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Работна група составена од членови на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика разгледува неколку опции како ќе се организираат градинките. Она што засега е познато е дека, со скринингот, кој ќе почне следната недела ќе бидат опфатени сите вработени во градинките.

-Се разгледуваат можностите за помал број часови, организирање помали групи. Ние сакаме да донесеме решение што ќе биде спроведливо, а не само да изгледа добро на хартија, како на пример, да се внимава на дистанца, а децата тоа нема да можат да го почитуваат. Бараме решение кое ќе може да се имплементира. На решението уште работат експертите. Верувам дека до понеделник тоа ќе биде готово, изјави министерот Филипче.

Центарот за јавно здравје во Скопје и Институтот за јавно здравје го завршиле планот за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории. Со скринингот, кој ќе почне следната недела, ќе бидат опфатени сите вработени во градинките, здравствени работници, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација, пациенти кои треба да примаат биолошка терапија.

-Тоа се категории за кои ни е важно да индентификуваме асимптоматски носители. Ќе се прават ПЦР-тестови. Преку матичните лекари и матичните стоматолози ќе се земаат брисеви, информираше министерот Филипче.

Тој истакна дека оваа година бројката на лица кои ќе бидат вакцинирани со вакцина за сезонски грип, ќе биде поголема.

-Се смета дека таа вакцина може да даде некаков имунитет. Вакцината за овој вирус се очекува да биде достапна во 2021 година, рече Филипче.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе