ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Сити воведе чашки за кафе кои се јадат

Актуелниот англиски шампион најави дека за новата сезона посетителите на нивните домашни натпревари ќе имаат шанса за необично искуство пиејќи кафе или чај.

Во сабота од 16 часот „Граѓаните“ го играат првиот натпревар на домашен терен пречекувајќи го Норич на „Итихад“ стадионот. Токму на овој натпревар публиката ќе има шанса да ужива во новитетите на Манчестер Сити, кога станува збор за храна и пијалоци кои се продаваат на стадионот.

Just eat your cup!

Меѓу многуте нови опции во делот за храна и пијалоци, Сити воведе и опција чија цел е намалување на ѓубрето - чашки кои се јадат. Сепак, навивачите кои ќе купат пијалок во таква чашка нема да бидат обврзани да ја изедат доколку не сакаат тоа да го направат.

„За прв пат на нашиот стадион се воведуваат чашки за кафе кои се јадат. Ова фантастично и иновативно решение ни нуди неверојатна шанса да се ослободиме од ѓубре, затоа изедете ја вашата чашка!“, стои во соопштението кое излезе на клупската веб-страница.

URL

Нема сите топли пијалоци да се служат во вакви чашки. Навивачите ќе имаат опција да побараат нивното кафе или чај да го добијат во чашка која се јаде. Во спротивно, ќе добијат обична.

Што е чашка која се јаде?

Клубот не понуди објаснување од што ќе бидат направени чашките кои навивачите ќе можат да ги јадат. Но, чашки кои се јадат веќе постојат ширум светот и тие најчесто се направени од вафли или бисквити, слично како корнети за сладолед.

Со употребата на вакви чашки Сити има за цел да го намали ѓубрето кое се трупа после секој натпревар. Клубот најави и дека ги укинува пластичните чаши во кои се точи пиво кое сега ќе биде послужувано во хартиени чаши, исто така почнувајќи од саботниот натпревар.

Покрај промената на чашите, Сити објави и дека е склучен договор со четири локални произведувачи на домашно пиво, како и со седум локални призводители на храна.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе