Отровно е денеска да се шетате на отворено во македонската престолнина. За тоа говорат и податоците на веб-страницата IQAir која во реално време ги апдејтува бројките за големите градови во светот.
Така, Скопје со околку 160 коефициент е во топ 10-те најзагадени градови во светот, а од Европа друштво му прави само Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина.
Според IQAir, воздухот во Скопје денеска е „нездрав“.
Веќе неколку дена воздухот кој скопјани го дишат мириса неубаво, а денеска мирисот е особено засилен.
Топ 10 најзагадени градови во светот според во 14:30 часот по македонско време:
Препорачливо е да не се излегува надвор, а при излегување да се носат квалитетни заштитни маски.