Скопје интересен за туристите, по бројот на ноќевања го надмина Охрид

Скопје има потенцијал да привлече голем број на туристи, но потребно е да се збогати понудата и да се направи сериозен исчекор за да тој стане центар на Балканот. Градот по бројот на ноќевања веќе го има надминато Охрид, а за туристите интересни се културно-историските знаменитости, архитектурата и храната.

– Повозрасните туристи сакаат да го видат Св. Пантелејмон како бисер на византиската уметност, сакаат да ја видат новата архитектура, не очекуваат еден таков амбиент во Скопје. И храната е една од главните карактеристики и на Скопје и на целиот Балкан. Секој во својата возраст си наоѓа интерес, но важно е дека сите заминуваат со убави спомени, изјави Бранко Босилков, претседател на Асоцијацијата на туристички водичи.

Дополнителна промоција за градот се и големите спортски настани како што беше одржувањето на УЕФА Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Од Министерството за економија велат дека работат на промоцијата на градот како туристичка дестинација, а од следната година се размислува да се почне со имплементација на новите модели за субвенционирање на туроператорите.

– Се надеваме дека за две недели ќе излеземе со конкретен предлог кој треба да почне со имплементација од следната година бидејќи за годинава туроператорите ги имаат завршено договорите со хотелиерите, изјави Беким Хадиу од Министерството за економија.

Според него, аерозагадувањето во Скопје влијае врз туризмот, но се надева дека мерките што се преземаат ќе го тргнат градот од листата на најзагадени градови во светот.

– Се надеваме дека тоа нема да ни биде пречка за привлекување на што поголем број туристи, рече Хадиу.

Туристичките потенцијали за Скопје денеска се презентираат пред странските туроператори, а за таа цел е организирана конференција насловена „Скопје во центарот на Балканот“, а планирана е и посета на локалните туристички атракции.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе