Скопје со најмногу заболени од COVID-19, денеска се одлучува за нови рестриктивни мерки

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот во државава согласно показателите од теренот треба денеска на седница да донесе Владата, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Во земјава и натаму има голем број заболени од COVID-19. Според податоците на Институтот за јавно здравје, објавени вчера, од 702 направени тестирања, регистрирани се 127 нови случаи, тројца се починати, а седум се оздравени.

Вкупната бројка на дијагностицирани во земјава изнесува 3.152, излекувани се 1.653 пациенти, има 1.343 активни случаи, а починати се 156 лица.

Најголем број заболени - 1.332 - се дијагностицирани во Скопје, додека бројот на активни случаи изнесува 720, потоа следат Куманово со 556 дијагностицирани и 139 активни случаи, Тетово со 291 дијагностицирани и 127 активни случаи, Прилеп со 218 дијагностицирани и 27 активни случаи, Штип со 207 дијагностицирани и 169 активни случаи…

Заклучно со вчерашните податоци активни случаи во Скопје и околината има во: Чаир – 168, Центар – 64, Бутел – 63, Гази Баба – 58, Аеродром – 57, Сарај- 55, Карпош – 45, Кисела Вода – 35, Арачиново – 23, Студеничани – 19, Илинден – 18, Ѓорче Петров – 18, Шуто Оризари – 17, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2 и двајца странски државјани.

Според министерот за здравство Венко Филипче, непочитувањето на мерките за заштита го донесе овој втор бран на коронавирусот во земјава. Тој посочи дека кластерската анализа покажала дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир или прослава во периодот околу 23, 24 и 25 мај, односно точно пред две недели, а на што укажала деталната анализа во епидемиолошките прашалници.

– Овој пик е резултат на тоа. Непочитувањето на мерките нѐ доведе до овој нов бран. Анализата во текот на последните седум дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијалните целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје надвор од првичните кризни – Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел и тоа е очекувано, затоа што Скопје функционира како една целина и голем дел од овие нови случаи во други општини се исто така се резултат на семејни собири од истиот период, рече Филипче.

Апелираше до граѓаните да се почитуваат мерките, до надлежните институции за контрола во спроведувањето на мерките, заради тоа што секое прекршување мора да се детектира и да се санкционира.

– Вирусот е тука, дека тој останува, дека мора да научиме да живееме со него. Целиот свет впрочем продолжува да живее со вирусот, а овие превентивни мерки се практично универзални и се темелат на истите принципи – на носењето на маска, одржување на физичката дистанца, хигиената, дезинфекцијата и други мерки и други форми на мерки практично нема никаде во ниту една друга земја во светот. Само со почитување на овие принципи можеме да ставиме крај на епидемијата. Дисциплината на граѓаните, личната, колективната одговорност побрзо ќе не врати кон нормализирање на нашиот живот, додаде Филипче.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе