Скопската градинка „Корчагин“ ќе има втора смена до 22 часот

На вчерашната седница на Советот на Општина Центар беа донесени неколку важни одлуки, информира граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

Преку социјалните медиуми оттаму објавија дека на седницата биле разгледани извештаи за градинките во Центар кои јасно ја презентираа својата работа, капацитетите, запишаните деца, условите и услугите за згрижување. 

„За сите родители, важна информација е дека во градинката 'Раде Јовчевски Корчагин' се организира и втора смена до 22 часот, во случај да ви е потребна“, информираат од Шанса за Центар.

„За проектот за грижа во домот кој нуди згрижување на стари и болни лица, а под раководство на УНДП, изгласавме доделување на стан кој е во сопственост на Општината. Веруваме дека грижата ќе помогне не само за болните лице, туку ќе отвори слободно време за домашните кои се постојано окупирани со негата.

Училишните одбори во општинските училишта се најважните претставници на заедницата во училиштето, но и на училиштето во заедницата, а одговорноста ја имаат пред основачот на училиштето (општината), образовните власти, но и пред заедницата и општеството во целина. За сите основни училишта во нашата општина понудивме високо образувани, посветени, вредни и докажани личности, кои во целост беа надгласани од коалицијата на СДСМ и Левица кои си ги поделија овие места меѓусебно“, велат оттаму и додаваат дека:

„Левица, во одбрана на кадровските решенија понудени од СДСМ, не бираше зборови за да ги оцрни нашите предлози, особено предлогот за ООУ Кирил и Методиј, Мерсиха Смаиловиќ. Недоличното оцрнување, говорот на омраза, навредите и лажните изјави упатени кон нашиот предлог се недозволено однесување кое во целост ја разобличува оваа партија. Институциите ќе имаат предмет со кој ќе се зафатат во следниот период, а Шанса за Центар нема да се поколеба да предлага луѓе од помалкубројните етнички заедници кои вистински се залагаат за мултикултурализам, солидарност и  грижа за децата и образовниот процес.“

Од Шанса за Центар велат дека нема да ги коментираат избраните членови, но дека очекуваат да покажат сериозност во задачата поголема од сериозноста на Советниците „кои и сами не знаеја за кого го даваат својот глас и одлучуваат за Основните училишта“.

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе