Следете во живо: Путин се обраќа до нацијата, екрани на отворено поставени низ цела Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе го одржи своето 19-то обраќање за состојбата на нацијата. Традиционално, клучните теми на обраќањето не беа претходно објавени. Сепак, Путин најави дека за време на својот говор ќе ги изнесе главните задачи за следните шест години.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Путин лично го подготвил говорот и дека имал „десетици телефонски контакти и средби лице в лице“ со министри, вицепремиери и други владини претставници. Обраќањето ќе се емитува во живо на федералните телевизиски канали и на екрани на отворено во големите градови. На церемонијата се поканети околу 1.000 луѓе.

Меѓу нив има членови на двата дома на рускиот парламент, претставници на владата и претседателската администрација, шефови на уставни и врховни судови, гувернери, претставници на верски организации, дипломати и новинари, како и учесници во „специјалната воена операција“.

Remote video URL
Најдолгиот говор го одржа пред шест години

Најдолгиот говор за состојбата на нацијата (115 минути) го одржа Путин во 2018 година. Најкратките беа во 2004 и 2005 година, и двата во траење од 48 минути. Неговите говори во просек траеле 70 минути.

Говорите на Путин во последните години претставуваат еден вид законодавни иницијативи со конкретни инструкции до владата. Рускиот претседател минатата година дал вкупно 35 инструкции.

Минатата година Путин зборуваше зошто ја нападна Украина

Годишното обраќање на претседателот до Федералното собрание, дводомниот парламент на Русија, традиционално дава оценка за состојбата во земјата и ги наведува основните трендови во внатрешната и надворешната политика. Минатата година Путин го започна својот говор објаснувајќи зошто Русија ја започна својата „специјална воена операција“.

Според Путин, Русија морала да употреби сила за да ги одбрани луѓето што живеат на нејзината историска почва и да ја спречи заканата што доаѓа од режимот во Киев. Рускиот претседател, исто така, претстави сеопфатна програма за социо-економски развој во припоените региони и мерки за зајакнување на економскиот раст во услови на санкции.

Зборувајќи за надворешната политика на земјата, тој најави суспензија на учеството на Русија во Новиот договор СТАРТ. Тој, исто така, предложи Русија да се откаже од Болоњскиот систем во високото образование.

реклама

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Еротски микс

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Свет

Орбан: Војната во Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Read more

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Read more

Орбан: Трамп ќе го пресече Гордиевиот јазол во Украина, тоа го сакавме

Read more

Авион принудно слета по тепачка на четворица патници

Read more
 

Вести

Орбан: Војната во Украина може да стане Авганистан за ЕУ

Читај повеќе

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Читај повеќе

Водовод: Акцијата за отплатата на долговите без камата за скопјани ќе трае до 2 април

Читај повеќе

Airbnb излезе од кризата: Пријави голем скок на приходите

Читај повеќе

Северна Кореја: Америка треба да се откаже од воените закани

Читај повеќе

85 евра дневница за митинзите за поддршка на Вучиќ

Читај повеќе

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Читај повеќе

Велешанка во притвор: Каменувала дете, го удрила со нога во стомакот

Читај повеќе

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Читај повеќе