Словенија денеска со свој предлог за забрзување на проширувањето кон Западен Балкан

Словенечката влада поднесува предлог да се забрза процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан во контекст на кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Ова утрово го потврди новата министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Таа изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес, за да остане политиката на проширување на ЕУ кредибилна.

Во документот што им го поднесе Љубљана на другите 26 земји членки се бара отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, визна либерализација за Косово и кандидатски статус за Босна и Херцеговина.

Фајон предупреди дека процесот на проширување е доведен под прашање и дека ги поддржува сите напори за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бих.

Поддршка за Северна Македонија и Албанија се очекува да дадат повеќе министри за надворешни на ЕУ денеска, меѓу кои Австрија, Германија и повеќе источноевропски земји.

Што се однесува до кандидатскиот статус за Босна и Херцеговина ситуација е почувствителна. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, минатата недела изјави дека БиХ треба да ги исполни зацртаните 14 приоритети договорени со ЕУ и дека доделувањето статус на кандидат без тоа би било рамно на „попуст“.

Косово од своја страна останува непризнаено од пет земји членки на ЕУ, што ги отежнува преговорите за визна либерализација. Косово е единствената земја во регионот чии граѓани сѐ уште мораат да патуваат со визи во ЕУ и Шенген.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе