Словенија ги укинува маските: Враќање на „старото нормално“

Словенија се подготвува да ги укине последните рестриктивни мерки поврзани со намалената епидемија на COVID-19, потврди словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.

Во последните денови е забележан силен тренд на опаѓање на бројот на инфекции и хоспитализации, па одлуката за укинување на задолжителното носење маски во затворен простор можно е да биде донесена неделава.

Наместо обврска, носењето маски во затворени простории ќе остане само како препорака, а маските сепак ќе треба да се носат во домовите за стари лица и болниците, рече Поклукар во соопштението за печатот, по посетата на Инфективната клиника во Љубљана, каде што разговараше за актуелната епидемиолошка и здравствената состојба.

Поклукар очекува дека претстојните летни месеци ќе бидат обележани со „враќање на старото нормално“.

Директорката на Инфективната клиника, Татјана Лејко Жупанц, рече дека состојбата во установата се подобрува, но бавно, и дека вирусот е најопасен за имунокомпромитирани пациенти на кои често им требале повеќекратни хоспитализации и „не можеле да се ослободат“ од вирусот.

Словенечката влада денеска соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени 528 нови инфекции со околу 3.800 PCR и брзи антигенски тестови, што е голем пад од претходниот ден кога имаше 785 и од пред седум дена кога имаше 802 инфекции.

Во болниците моментално има 275 пациенти со ковид, од кои 39 се на одделенија за интензивна нега, а 14-дневната инциденца и 7-дневниот просек на заболените во еден ден се намалува. Во последните 24 часа починале тројца пациенти, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе