Словенија привремено ја суспендираше употребата на вакцината против COVID-19 на компанијата Johnson & Johnson, по смртта на 20-годишна девојка имунизирана со таа вакцина.
Нејзината смрт се доведува во врска со компликации по вакцинацијата, пренесе новинската агенција STA, повикувајќи се на изјава на словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар.
Министерот изјави дека одлуката е донесена по сомнежи дека кај пациентката се појавиле компликации како последица од вакцинирањето.
„Пациентката имаше згрутчување на крвта и излив на крвта во мозокот во исто време. Интензивната нега не беше успешна“, изјави Игор Риглер, невролог од болничкиот центар во Љубљана.