Словенија и Хрватска меѓу петте европски земји со најдобри услови за живот

Словенија со четврто место и Хрватска со петто место се рангирани меѓу петте земји во Европа со најдобри услови за живот, објави сајтот Croatia Week.

Анкетата ја спроведе блогот My Dolce Casa, кој објавува материјали за патување, преселување, живеење и пензионирање во различни земји. Нејзиното рангирање вклучува 15 европски земји кои нудат комбинација на висок квалитет на живот и разумни трошоци.

„Четвртото место на Словенија може да биде изненадување за некои, но оние кои ја посетиле земјата барем еднаш ќе разберат зошто оваа потценета земја се рангира толку високо меѓу најдобрите европски земји за живеење“, се вели на блогот.

Главните причини за изборот за живеење во Словенија, според истражувањето, се „неверојатната природна убавина, планините кои го одземаат здивот, инфраструктурата и безбедноста од светска класа“.

„Хрватска повеќе не е скриеното богатство на Европа како што беше“, се наведува во студијата.

Јадранското крајбрежје, приморските градови, чистата сина вода и убавото време се меѓу причините што блогот ги наведува за изборот на живот во Хрватска.

„Хрватска го заработува своето место на листата благодарение на ниските трошоци за живот и рејтингот за квалитет на живот, нудејќи исклучителен начин на живот по разумни цени“, се заклучува во студијата.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе