Случај Универзална: Асоцијацијата на архитекти реагира, Шилегов вели дека конечна одлука уште нема

Асоцијацијата на архитекти на Македонија реагираше на веста во врска со иднината на Универзална сала во Скопје.

Во меѓувреме, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов извести дека денеска во во 13 часот во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи брифинг со новинари за Универзална сала кој ќе може да се следи преку стриминг во живо на Facebook профилот на Град Скопје.

„На овој брифинг, јавноста ќе биде запознаена со сите досегашни постапки кои се водени за Универзална сала, како и за идните постапки кои ќе ги спроведе градот, пред да биде донесена било каква одлука. Напоменувам дека досега никој нема донесено било каква одлука за Универзална“, објави Шилегов на Facebook.

Во соопштението на ААМ до членовите и јавноста стои дека Асоцијацијата во декември 2019 година била контактирана од страна на Град Скопје за организирање на конкурс за нова Универзална сала со проширена програма кој соодветствува на програмата која ја имаше конкурсот од 2013 година каде беше предвидена изградба на обjект од 36.000 м², во согласност со постојниот Детален урбанистички план – ДУП Буњаковец 2.

„Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност. Од страна на Град Скопје бевме информирани дека средства за реставрирање и реновирање на постојниот објект на Универзална сала нема. Добиените информации беа дека Град Скопје има утврдено дека Скопје има потреба од поголема, современа концертна сала, со нова програма“, велат од ААМ.

Понатаму во соопштението се вели дека согласно ваквата иницијатива, од нивна страна било предложено новата Универзална сала, со бараната проширена програма, да се гради на друга соодветна локација.

„По направената анализа, како можна локација беше предложена локација во близина на Спортскиот центар ‘Борис Трајковски’. Предложената локација е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост. Во поглед на изборот на нова локација за Универзалната сала, беше напоменато дека постојат уште неколку можни локации и спремни сме во соработка со Град Скопје, заедно да изнајдеме најсоодветно решение на проблемот. Со овој став ААМ понуди мислење базирано на стручни анализи се со цел да се погледне пошироката слика и однапред да се детектираат и решат можните проблеми од аспект на идно функционирање на тој дел од градот преку посоодветно планирање и искористување на државните ресурси.“

„Она што останува како факт е дека постојниот објект на салата е во многу лоша состојба и не функционира повеќе од 5 години со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото. Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низата настани одржани во изминатите 50 години. Од причина што бевме информирани дека Градот нема средства за реконструкција на Универзална сала, предложивме просторот каде што е сместена Универзална сала да прерасне во јавен простор кој што ќе биде дефиниран по распишување на анкетен конкурс со што би се добиле идеи за негово идно функционирање и планирање“, апелираат од ААМ.

Оттаму, Асоцијацијата го повика Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала и уште еднаш апелира да се зачува постојниот објект и „доколку Градот Скопје нема средства за таква намена, ја повикуваме и Владата на Република Северна Македонија да се произнесе пред јавноста дали може да се обезбедат средства да биде реконструиран и зачуван обејктот во неговата постојна големина и појавност“.

Меѓу другото, ААМ ќе поднесе иницијатива до Општина Центар, за новиот ДУП кој е моментално во изработка, оваа локација да биде со намалена површина за градба и истата да биде во рамки на постојниот објект.

„Како и секојпат до сега, ААМ ќе се залага за решавање на сите спорни и ‘заборавени’ локации во државна сопственост, особено оние кои претставуваат клучни точки за развојот на Скопје, да добијат завршница и соодветно планирање или (ре)искористување, со што би се избегнала нивна (не)намерна злоупотреба во иднина“, велат на крај од Управниот одбор на ААМ.

реклама

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more
skopski-maraton-2014-niz-fotografii_121829.jpg

Изменет сообраќаен режим поради утрешниот Скопски маратон

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе