Снегот „заборави“ да дојде во западна Европа, на повидок опасни суши

Загриженоста за сушата расте во западна Европа бидејќи мерењата на снежните наноси низ Алпите покажуваат само дел од нормалната акумулација за овој период од годината, а врнежите во земји како Италија и Франција се исто така многу ниски во февруари.

Франција, Швајцарија, Италија и делови од Австрија забележаа многу помалку снег од просекот, изјави метеорологот Клаус Хаслингер од GeoSphere Austria, државната метеоролошка служба.

Во Италија, непрофитната еколошка организација Легамбиенте предупредува дека италијанските Алпи забележале 53 отсто помалку снег од долгорочниот просек во последните месеци.

Проблемот не е само недостатокот на снег, туку и отсуството на дожд.

Во сливот на реката По, кој се движи низ северна Италија, врнежите се за 61 отсто помали од историскиот просек, покажуваат податоците.

Во Франција, по неколку последователни недели без дожд, се стравува од второ последователно суво лето и ограничување на водата.

Системите со висок притисок над западна Европа ги намалуваат дождовните фронтови, што доведува до слаби врнежи.

Ова не е првпат вакви временски услови да предизвикаат години со екстремно слаби врнежи, истакна Хаслингер.

Пред шеесет години, рече тој, имаше период на суво време кое траеше неколку години поради специфичната распределба на температурите на копно и на море.

Потоа нивото на Дунав падна на рекордно ниво, изјави метеорологот.

Хаслингер рече дека постојат докази дека глобалното затоплување ги фаворизира таквите температурни обрасци, што ги прави условите за суша почести во годините што доаѓаат.

„Ако пролетното време е слично како во 2022 година, сушата ќе стане уште полоша“, предупреди Јозеф Ајцингер, земјоделски метеоролог на Универзитетот за природни ресурси и животни науки во Виена.

Станува јасно дека реките ќе носат многу помалку топена вода од планините оваа година, што е исто така клучно за надополнување на подземните води, рече тој.

Во Франција, според податоците од националниот систем за следење на водите, од 422 набљудувани подземни води, 125 се веќе на многу ниско ниво, 120 на ниско ниво, а 97 на умерено ниско ниво.

Светски познатите канали во Венеција исто така пресушија, многу гондоли лежат во калта, а помалите канали веќе не се пловни.

За време на осеката неодамна беше измерен нивото на водата од минус 65 сантиметри.

Цела северна Италија страда. Според весникот La Repubblica, по еден месец без дожд во италијанската „долина на храната“ во регионот Емилија-Ромањи, постои ризик од 40 отсто пад на националното производство на храна.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе